Во насока на продлабочување и интензивирање на соработката меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, Стопанската комора на Македонија во соработка со Владата на Република Северна Македонија и Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, организираат бизнис форум и билатерлани средби меѓу компании од двете земји
Македонско – Рускиот Бизнис форум и билатерални средби ќе се одржат на 14 ноември 2019 година, во хотел “Double tree” Хилтон, Скопје, со почеток во 09:30 часот.
Го покануваме сите заинтересирани компании да го пријават своето учество кај лицето за контакт, најдоцна до 12 ноември 2019 година (вторник), со пополнување на пријавниот лист во прилог.
Контакт лице: Белинда Миновска, тел: 02/3244-036, е-адреса: belinda@mchamber.mk
Во прилог:
- Листа на руски компании;
- Пријавен лист.