Семинар 29.11.2019 ПРАВА, ОБВРСКИ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИЗРЕКУВАЊЕ НА ГЛОБИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ИНСПЕКЦИСКИ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Стопанска комора на Македонија



Еднодневна работилница на тема:

ПРАВА, ОБВРСКИ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИЗРЕКУВАЊЕ НА ГЛОБИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ИНСПЕКЦИСКИ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

29.11.2019 година (петок)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 29 ноември 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Права, обврски и превенција од изрекување на глоби на работодавачите при спроведувањето на инспекциски надзор и инспекциски работи од областа на работните односи“ со цел сеопфатно да се информираат работодавачите за нивните права и обврски согласно закон и подзаконски акти, а во насока на нивна подготовка за соодветна заштита при инспекциски надзор од областа на трудот.

На работилницата преку практични примери, дискусија и одговор на сите пројавени прашања и дилеми, ќе се направи опфат на областите на работните односи на кои инспекцискиот надзор се однесува, вклучително: засновањето на работен однос со соодветен договор за вработување, правилно управување со обврските по однос на распоредот на работното време, паузите и одморите, како и обврските кои произлегуваат од исплаќањето на плата. 

Конечно, ќе биде направен и преглед на постапката за инспекциски надзор, со напомени за превентивно дејствување на работодавачите, укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи, спроведување едукација, сé со цел избегнување на пропишаните глоби.

ПРОГРАМА

I. ЗАКОНСКА И ПОДЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
   - Закон за работни односи;
   - Општ колективен договор и колективен договор на ниво на гранка;
   - Правилници кои произлегуваат од Законот за работни односи;
   - Корисни документи за работодавачите: контролни листи на побарувани акти и документи во насока на превентивна заштита.
   - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

II. ОБЛАСТИ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ИНСПЕКЦИСКИ РАБОТИ ВО СФЕРАТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
    - Засновање на работен однос:
    - Состав, употреба на соодветен договор за вработување и негова достава до работникот;
    - Задолжителни елементи на договорот за вработување;
    - Измена и дополнување на договорот за вработување.
    - Работно време, паузи и одмори:
    - Полно и скратено работно време, сменско работење, прекувремена работа, работа ноќе, нивна евиденција и обврска за пријава во Државниот инспекторат за труд;
    - Паузи за време на работното време;
    - Дневен, неделен и годишен одмор (Определување за секој вработен одделно, стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор, користење       годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор).
    - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

III. ПЛАТА И ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА
    - Обврски на работодавачот во врска со пресметката и исплаќањето на плата;
    - Додатоци на плата кои произлегуваат од распоредот на работното време, основи за надомест на плата и трошоци поврзани со работењето;
    - Месечна и годишна пресметка на плата.
    - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

IV. ПОСТАПКА ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАШТИТА НА РАБОТОДАВАЧОТ
    - Надзор од страна на инспекцијата на трудот и нејзини овластувања;
    - Укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи и спроведување едукација;
    - Забрана за вршење на работи на работодавачот;
    - Покренување на прекршочна постапка;
    - Одлагање на извршување на одлука;
    - Право на жалба;
    - Основи за прекршочна одговорност;
    - Пропишани глоби.
    - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

Предавачи:
- Трајче Костески, државен инспектор - советник по труд за Регион 7 при Секторот за инспекциски надзор од областа на работните односи во Државниот инспекторат за труд на Република Северна Македонија;
 
- Викторија Спасовска-Симоноска, правен консултант, Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право. 

За сите учесници на работилницата ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на работилницата.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 24.11.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.01.2021
„УСПЕШНО УЧЕСТВО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА“
Работилница, 29.01.2021
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И МОЖНОСТ ЗА НЕГОВА ИЗМЕНА ВО ПОГЛЕД НА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА ВО ВРЕМЕ НА ПРОДОЛЖЕНО ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЗАШИТА ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ, ОТСУСТВО НА БРЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ ОД РАБОТА
Семинар, 29.01.2021
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ - ФОРМА, ПРАВА И ОБВРСКИ, ДОПОЛНИТЕЛНИ И НЕПРЕДВИДЕНИ РАБОТИ, ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ГРАДБА, ОДГОВОРНОСТ НА ПРОЕКТАНТОТ И НАДЗОРОТ
Семинар, 09.02.2021
ИНФЛУЕНСЕР СТРАТЕГИЈА – ОРГАНИЗАЦИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МАРКЕТИНГ АКТИВНОСТИ СО ИНФЛУЕНСЕРИ
Семинар, 10.02.2021
ПРАВИЛНИК ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ - ЌЕ ПЛАНИРАМЕ ЛИ ПОБРЗО, ПОЛЕСНО, ПОХУМАНО?-
Семинар, 12.02.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАЖБА – ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ВАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОДАВНИЦА
Online Бизнис средби, 16.02.2021
Онлајн настан за вмрежување и билатерални средби “Solar Energy Business Mixer II”
Семинар, 17.02.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ
Работилница, 18.02.2021
КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОР, КОНКУРЕНТСКА КЛАУЗУЛА, КОНКУРЕНТСКА ЗАБРАНА, ДЕЛОВНА ТАЈНА И ПРЕДИЗВИЦИ ПРИ НИВНОТО СПРОВЕДУВАЊЕ ВО ВОНРЕДНИ ОКОЛНОСТИ И РАБОТА ОД ДОМА , ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Семинар, 19.02.2021
КЛУЧНИ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УСПЕХ ВО ДИСТРИБУЦИЈА НА СТОКИ – АКАУНТ МЕНАЏМЕНТ, ПРЕГОВАРАЊЕ И МЕРЧАНДАЈЗИНГ
Работилница, 23.02.2021
НАЈЧЕСТИ ПРЕКРШОЦИ ВО ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И НИВНО ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР, ОДМОРИ, ВОВЕДУВАЊЕ И РЕГУЛИРАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА, ПРЕРАСПРЕДЕЛБА И РАСПОРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ
Семинар, 24.02.2021
ПОДГОТОВКА НА ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ И СОСТАВУВАЊЕ КОМИСИЈА ЗА НИШТЕЊЕ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИОТ РОК - 31.03.2021 ГОДИНА
Семинар, 24.02.2021
УПРАВУВАЊЕ СО РАЗВОЈОТ НА СОФТВЕРИ – ТЕСТИРАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОДУКЦИЈА
Семинар, 24.02.2021
АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ по Програма на D.R. Gilbert: ЕФИКАСЕН МЕНАЏЕР-ПАТОТ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА И СТРАТЕГИСКА ПОДГОТОВКА
Online Бизнис средби, 25.02.2021
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Семинар, 26.02.2021
ОБУКА ЗА ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ - MS EXCEL 2016
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“