Семинар 25.10.2019 УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ СУПСТАНЦИ

Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат

Многу занимања ја вклучуваат употребата, или генерацијата на супстанци кои можат да бидат штетни за луѓето (надразнувачи, професионални алергени, канцерогени, мутагени, репротоксични супстанции, репродуктивни ефекти предизвикани од хемиски и биолошки агенси). Спектарот на ефектите врз здравјето се движи од релативно благи, како што се иритација на очите, до сериозни болести како што е ракот.
Несаканите/неповолните ефекти може да се случат како резултат на една епизода на висока изложеност или одржлива нискостепена долгорочна изложеност. Работниците можат да бидат изложени долги години на опасни нивоа на супстанциите кои предизвикуваат некои од најсериозните здравствени ефекти, како што се ракот и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), без да заболат од некоја конкретна болест. До моментот кога сепак ќе се појават симпто.мите, неповратната штета е веќе причинета.
Повеќе од јасно е дека е многу важно да се врши соодветна контрола на изложеноста на работникот на тие супстанци. Ова се потпира на постигнување и одржување соодветна контрола на изложеноста и бара одреден степен на компетентност и експертиза. Во зависност од комплексноста на ситуацијата, можеби ќе бидат потребни специјални вештитни на професионалниот хигиеничар. Со правилната употреба на контролите на изложеност, работата може да се изврши дури и при високо токсични супстанци без ризик по здравјето на работниците.
Кампањата организирана од Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), за здрави работни места 2018-19, „ Управување со опасни супстанци “,  има за цел да ја подигне свеста за ризиците кои ги создаваат опасните супстанци на работното место и да промовира култура на превенција на ризик за да ги елиминира и таму каде што тоа не е можно, ефективно да ги отстрани овие ризици.

За таа цел, во периодот на одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа Стопанската комора на Македонија на 25 октомври 2019 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ СУПСТАНЦИ .
На семинарот присутните ќе се стекнат со неопходни познавања за опасните супстанции  и одредени компетенции за управување со истите.

Предавачи:

1. Златко ПОПОВИЧ – Focal Point Менаџер во Европската Агенција за Безбедност и здравје при работа на Црна Гора, Кординатор на Црногорските трудови инспектори, Управа за инспекциски работи;
2. Проф. Др. Елисавета СТИКОВА - Доктор специјалист по медицина на труд – Институт за јавно здравје 
3.Сопственик на Македонска Компанија за производство и продажба на лична заштитна опрема.

СОДРЖИНА:

Семинарот ќе опфати елементи на теорија, практичен дел и студија на случаи.
Презентација на  кампањата на Европската Агенција за безбедност и здравје при работа. Краток осврт на законодавство на Европската унија (ЕУ) кое раководи со управувањето со ризиците поврзани со опасни супстанци и сите опасни супстанци кои може да се појават во широк спектар на занимања: градежништво, услужни дејности, производствени индустрии, рударство, каменолом, лабаратории, здравствени установи и медицински персонал и сл.
Студија на случаи: кои опасни супстанци се среќаваат во различни работни средини, извори на ризици, кои мерки се превземаат, каква контрола за изложеност се применува и настанати несреќи при работа предизвикани од опасни супстанци.
 Како доаѓа до изложеност на опасни супстанци? Како и основни информации за тоа како да се идентификуваат биолошките штетности и како да се управува со ризиците поврзани со опасни супстанции на работното место. Студија на случаи поврзани со биолошки штетности на работно место, превземени мерки, дадени препораки за безбедно работење со биолошки штетности.
Презентирање на лични заштитни средства за заштита од опасни супстанци, стандар кој го поседуваат, нивно одржување, чување и временски период на замена. 

Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.


Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 20 октомври 2019 година.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Во прилог:  Пријавен лист и Агенда.

 

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.01.2021
ПЛАНИРАЊЕ, АНАЛИЗА, ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦА, ПРЕКУ ОТВОРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Семинар, 22.01.2021
„ПОЗИЦИЈАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“ (Закон за заштита на личните податоци, „Сл. весник на РСМ, бр. 42, од 16.2.2020 година)
Семинар, 26.01.2021
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И СО ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧНИ ТОЧКИ И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
Саем, 26.01.2021
Виртуелен дигитален саем „Патот од традиционалното кон новото нормално“
Семинар, 27.01.2021
НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ
Семинар, 27.01.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАЖБА – ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ВАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОДАВНИЦА
Семинар, 28.01.2021
„УСПЕШНО УЧЕСТВО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА“
Работилница, 29.01.2021
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И МОЖНОСТ ЗА НЕГОВА ИЗМЕНА ВО ПОГЛЕД НА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА ВО ВРЕМЕ НА ПРОДОЛЖЕНО ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЗАШИТА ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ, ОТСУСТВО НА БРЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ ОД РАБОТА
Семинар, 29.01.2021
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ - ФОРМА, ПРАВА И ОБВРСКИ, ДОПОЛНИТЕЛНИ И НЕПРЕДВИДЕНИ РАБОТИ, ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ГРАДБА, ОДГОВОРНОСТ НА ПРОЕКТАНТОТ И НАДЗОРОТ
Семинар, 02.02.2021
ДИЗАЈНИРАЊЕ МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ И СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ МЕРКИ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ – ПАНДЕМИЈА
Семинар, 09.02.2021
ИНФЛУЕНСЕР СТРАТЕГИЈА – ОРГАНИЗАЦИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МАРКЕТИНГ АКТИВНОСТИ СО ИНФЛУЕНСЕРИ
Семинар, 10.02.2021
ПРАВИЛНИК ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ - ЌЕ ПЛАНИРАМЕ ЛИ ПОБРЗО, ПОЛЕСНО, ПОХУМАНО?-
Семинар, 17.02.2021
АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ по Програма на D.R. Gilbert: ЕФИКАСЕН МЕНАЏЕР-ПАТОТ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА И СТРАТЕГИСКА ПОДГОТОВКА
Online Бизнис средби, 25.02.2021
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“