
Еднодневен семинар:
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИТЕ
- ПОТРЕБА ОД УСОВРШУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ, ФЛЕКСИБИЛНОСТ И ОТСУСТВО НА ОТПОР КОН ПРОМЕНИТЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ЗАРАДИ ЗГОЛЕМЕНИ МОЖНОСТИ, КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ ОД СТРАНА НА ВРАБОТЕНИТЕ -
18.10.2019 година
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат
Целта на овој семинар е да се докаже зошто секоја промена во институциите / приватни или државни не значи нарушување или промена на комодитетот во поглед на услови за делување, работна атмосфера, односи меѓу вработените .
Овој семинар нуди упатства за тоа што треба да се направи (целите) и како треба да се пристапи кон процесот (управување со промени).
Раководните лица во институциите треба:
- да го утврдат временскиот распоред за имплементација на промените,
- да се погрижат тоа да е личен приоритет и
- да внесат во своите агенди состаноци за разгледување на напредокот во текот на периодот на имплементација.
Организациониот облик за управување со човечки ресурси треба да обезбеди стручна и оперативна поддршка на непосредните раководители и да биде пример за водење на процесот на промени.
Семинарот ќе ви помогне:
• Да ги дознаете инструментите кои овозможуваат поефиксни стручни усовршувања;
• Да се осознаат индивидуалните планови за усовршување;
• Да се разберат начините и условите во кои се менаџираат промените;
• Да разберете зашто треба да се знаат механизмите за менаџирање на промените;
• Да ги пронајдете принципите за справување со промените;
• Да дознаете како да се води ефикасна внатрешна комуникација за промените;
• Да дознаете што ги прави промените ефикасни;
• Да дознаете како да составите прашалник за мерење на задоволството од промените;
• Да дознаете зошто вработените мора да бидат консултирани и вклучени во планирањето на промените.
Придобивки на компаниите:
- Стандарди за управување промените во делот со човечки ресурси;
- Рамка за колективни компетенции;
- Обрасци за оценување;
- Брошура од областа на човечките ресурси за менторство.
Предавач:
- Проф. д-р Гордана Петрушевска, експерт и менаџер. Д-р Петрушевска своите магистерски студии ги завршува во 2003 година, на Шефилд Универзитетот во Солун, на тема: „Тимско работење и активности за организрање на успешни проекти“. Своите докторски студии ги завршува на Универзитетот за Мир на Обединетите нации во Белград, во 2012 година, на тема: „Позиционирање на производи во услови на криза“. На академско ниво, д-р Петрушевска, меѓу останатите предмети предава: Меѓународна економија, Меѓународна трговија, Развивање на нови производи, Односи со јавност итн. Нејзиниот експертски и менаџерски сегмент го започнува на Скопски саем како организатор на домашни самски манифесации, продолжува со организација на меѓународни самески манифестации во земјата, како и организирање учество на домашните компании на меѓународни саемски манифестации. Кариерата на Скопски саем ја завршува како генерален директор, со многубројни признанија од областа на комуникациите, продажба и внатре компаниските односи.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.
Рок за пријавување: 15.10.2019 година.