Форум 13.09.2019 БАЛКАНСКИ ПРЕТПРИЕМАЧКИ САМИТ - BALKAN ENTREPRENEURSHIP SUMMIT

Хотел „Хилтон“ - Скопје



БАЛКАНСКИ ПРЕТПРИЕМАЧКИ САМИТ
BALKAN ENTREPRENEURSHIP SUMMIT
13.09.2019 година
Хотел „Хилтон“- Скопје

 

Економскиот развој е клучен за нашето општество да прогресира, но и особено значаен за сите да имаме подобар и поквалитетен животен стандард. Балканскиот претприемачки самит, има за цел да обедини на едно место бизнисмени од регионот се со цел да ги поврзе во меѓусебна соработка која во иднина ќе отвори нови можности за сите.

За таа цел Стопанската комора на Македонија, во соработка со Creative Hub, а поддржано од Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (Е4Е@mk), Ве поканува на 13.09.2019 година во хотел „Хилтон“, да заземете учество на Самитот на кој ќе присуствуваат над 250 гости, истакнати бизнисмени, претприемачи, иноватори. Настанот ќе го отвори прашањето на успешна Балканска соработка, ќе слушнеме за инвеститорски трендови во светот, но и на Балканот, ќе зборуваме за трендот на “недостаток на квалитетна работна сила”, но и ќе разговараме за иновациите во индустриите.

Низ листа на инспиративни говорници од САД, Франција, Индија, Бугарија, Турција, но и од Македонија имаме за цел да ги поврземе бизнисите на првиот Балкански претприемачки самит, но и заедно да го претвориме во традиција. 

За кого е наменет Самитот:
Овој самит е наменет за претставници на бизнис секторот, претприемачи, кои сакаат да развијат соработки или пак заедно да делуваат како дел од Балканскиот бизнис сектор.

Преку искусни говорници од различни индустрии гостите ќе имаат можност да слушнат за инвестициски трендови, трендови во дигиталниот маркетинг, искуства на едни од најуспешните балкански бизнисмени, луѓе кои развиваат технологии на иднината и иновативни решенија во индустриите.  

Дел од говорници на Самитот:

Акаш Мехта, Франција, глобален менаџер на дигитален маркетинг во „Диор“. Ја започнал кариерата на 22 години како најмлад менаџер во „Есте Лаудер“. На 25 години станува сениор глобален дигитален маркетинг менаџер во „Диор“ и му носи над 50 милиони долари во медиумска вредност и влијание на „Диор“. Со него на чело брендот „Диор“ го триплицира растот во продажба преку инфлуенсери и создава своја програма на препродавање. Акаш Мехта е почесен член и говорник на Форумот „Луи Витон“ и Конференцијата „Вог“. 

Васил Наци, Албанија, извршен директор и претседател на Agna Group, најуспешниот бизнисмен од Албанија со нето вредност од 600 милиони САД долари, сопственик на над 50 бизниси и сериски претприемач. Основач на „Agna Leadernship Academy“. Заинтересиран е да се сретне со претставници од бизнис секторот за можности за соработка. 

Еван Лутра, Индија, сериски претприемач, „ЕЛ Груп Интернатионал“ (EL Group International). Еден од најмладите милионери кој првиот милион го заработил на 20 години, а сега е сопственик на „ЕЛ Груп Интернатионал“ со инвестиции во над 23 бизниси во областа на енергетиката, адвертајзинг, блокчејн. Почесен докторант и спикер нa Светскиот економски форум во Давос. Заинтересиран е да се сретне со бизнис секторот и да инвестира во иновативни идеи. Заинтересиран е да се сретне со претставници од ИКТ и бизнис секторот за да се разгледаат можности за инвестирање. 

Танер Акцок, (Standford University), управен директор, ФинРич Forbes 30 under 30 2019, на најголемиот европски, финансиски API провајдер. Со удел на пазарот од 40% тие доминираат на германскиот пазар со над 700 финансиски клиенти. Заинтересиран е за соработка со претставници за финансиски институции, ИКТ фирми кои развиваат финансиски софтвери.

Евангелос Андрикопулос, VC Analyst (Outlier Ventures) Вентуре Капитал Аналист во најголемиот фонд за инвестирање во open data economy и градење на новата економија. Со седиште во Лондон, Вангелис е еден од најуспешните анализатори на инвестициски портфолија. Заинтересиран е за соработка со фирми од Северна Македонија. 

Евгениј Ангелов, (Harvard University), претседател на Бугарската асоцијација за инвестициски капитал (Bulgarian Venture Capital Association), партнер во Постскриптум Вентурес (PostScriptum Ventures). Заменик министер за економија на Р. Бугарија и советник на премиерот за економски прашања. Одговорен за имплементација на првиот инвестициски фонд заедно со Економскиот инвестициски фонд што го покрена развојот на приватни инвестициски фирми со ризичен капитал и претпримачкиот дух на земјата. Заинтересиран е да се сретне со претставници од бизнис секторот за можности за соработка и формирање на инвестициски фирми. 

Александар Најденов, Бугарија, Forbes 30 under 30 (2017 година), коосновач на Пaперхиве (Paperhive) “co-working hub” или мрежен центар и е координатор на една од најголемите програми за социјално претприемништво во Источна Европа.

Фатмир Хусенбелиу, Албанија, потпретседател на Хисенбелиу Груп (Hysenbelliu Group), една од најголемите инвестициски групации во Албанија и во регионот. Во портфолиото вклучува градежна индустрија, образование, електронски медиуми, прехранбена индустрија, туризам и хотелиерство. 

Рандал Лејн, САД, главен и одговорен уредник на Магазинот „Форбс“. 

Антонио Аргир, генерален директор и член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД - Скопје.

Мила Царовска, министер за труд и социјална политика во Владата на Република Северна Македонија. 

Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори. 

Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија. 

• Марко Кутревски, претседател на Управниот одбор на „Пекабеско“ АД - Скопје.

• Други докажани и истакнати бизнисмени од земјата и од регионот.

Ве очекуваме!

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.10.2021
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Саем, 21.10.2021
Саем за директни бизнис средби “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 22.10.2021
БЛАГАЈНИЧКО ДЕНАРСКО И ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ - БЛАГАЈНАТА ВО ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА / ЗАШТИТА И ПРЕПОЗНАВАЊЕ ОД ЕВЕНТУАЛНИ ЛАЖНИ ПАРИ
Семинар, 25.10.2021
МЕНАЏМЕНТ НА КАРИЕРА – ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА КОМПАНИЈАТА
Семинар, 27.10.2021
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ
Семинар, 27.10.2021
„Онлајн“ еднодневен семинар на тема:ПОГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИОТ ПАЗАР ЗА МАЛИ ЈАВНИ НАБАВКИ
Семинар, 28.10.2021
ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ ЗА САП - Согласно лиценцирана официјална Програма на САП-
Семинар, 29.10.2021
ПОЗИЦИЈАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Конференција, 02.11.2021
Дводневна Конференција на тема „Дигитализација и трансфер на технологии за намалување на јаглеродните емисии“ - 2 и 3 ноември 2021 година
Семинар, 16.11.2021
ОСНОВИ НА EMPLOYEE ADVOCACY
Семинар, 17.11.2021
НАПРЕДНА ЕКСЕЛ АЛАТКА: POWER QUERY
Online Бизнис средби, 17.11.2021
„Виртуелен“- брокерски настан и деловни средби на тема: ‟Black Sea Online Matchmaking Event“ 17-18 ноември 2021 година
Семинар, 19.11.2021
Канцелариско работење во програма за табеларни пресметки (Excel 2016)
Семинар, 22.11.2021
ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ И ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
Семинар, 24.11.2021
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА POWER PIVOT ЗА АНАЛИЗА И ОБРАБОТКА НА ГОЛЕМИ СЕРИИ НА ПОДАТОЦИ ОД ПОВЕЌЕ БАЗИ
Семинар, 25.11.2021
GOOGLE WORKSPACE ИДНИНАТА НА АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ - Менаџирање на фајловите во било кое време
Семинар, 29.11.2021
КАДРОВСКО ЕКИПИРАЊЕ – СТРАТЕГИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ НА РАБОТНА СИЛА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Саем, 01.12.2021
27. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА - „27.Tirana International Fair“
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“