Семинар 23.09.2019 - 24.09.2019 ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

Стопанска комора на Македонија




Дводневна обука за:
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

23 - 24.9.2019 година (понеделник-вторник)
9:30 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите.


Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на:

• Деловен асистент - Одговорности и овластувања и клучни функции;
• Комуникациски вештини на деловниот асистент;
• Управување (чување и складирање) на документацијата во својата канцеларија и во канцеларијата на врвното раководство;
• Креирање дописи за потребите на компанијата пред проверката од врвното  раководство.

Протокот на документи претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација.
Усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење е согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги.

Програма на обуката:


Улогата на деловниот асистент во канцелариското и архивското работење:
- Одговорности и овластувања на деловниот асистент;
- Процес на управување, заштита, чување, користење и обработка на документи и записи;
- Заштита на работна документација како приоритетна задача, преку поголема контрола и врз канцелариското  работење;
- Управување на архивскиот и документарен материјал на јавен архивски и документарен материјал и приватен  архивски документарен материјал;
- Комуникациски вештини на деловниот асистент;
- Обезбедување на конзистентност, веродостојност, ц嬬ловитост и употребливост како основни карактеристики на документот/записот;
- Конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал;
- Управување на документи кои се од клучна важност за врвното раководство;
- Процес на пренесување на архивскиот материјал од физички и аналогни облици во електронски облик.

Напредна структура во канцелариското и архивското работење:
- Прегледување и распоредување на документ/запис;
- Заведување на документот/записот;
- Доставување на документот/записот во работа;
- Административно-техничко обработување на документот/записот, испраќање на документот/записот;
- Разведување и класифицирање на документот/записот;
- Одлагање на решениот документ/запис во писарницата;
- Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;
- Категоризација на архивскиот материјал;
- Попишување на документарниот материјал - изминат рокот за чување;
- Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот
  материјал во  соодветен простор и стандардна опрема.

Проток на документи во компанијата (вертикален и хоризонтален):
- Сортирање во документи и записи (регистри на документацијата);
- Управување (чување и складирање) на документацијата во својата канцаларија и во канцеларијата на генералниот директор;
- Квалитативно управување на домашните дописи и странските дописи за потребите на компанијата;
- Чување на документи/записи во изворен облик во кој се креирани, испратени, примени и архивирани, облик со кој изворната содржина не се менува;
- Имплементација на процедура за контрола на документи и контрола на записи;
- Креирање на план за реконструкција и обнова на податоците во случај на хаварија;
- Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа;
- Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.

Проток на приватен архивски и документарен материјал:
- Процес на управување на приватен документиран материјал во посед на приватни правни и физички лица;
- Обврски на имателите на приватен архивски и документарен материјал;
- Вршење и определување на начинот на приемот, прегледувањето и распоредувањето на материјалот;
- Промет со приватен архивски материјал;
- Истражување, размена и изнесување на архивски материјал;
- Процес на реализација на документиран центар, прием и времено чување на приватен архивски и документарен материјал.

Целна група:
Обуката е наменета за извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурси (човечки, технички и останати); за директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на обуката, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење на е-деловодник).


Предавачи:
- м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина” ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и
- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 20 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување:  19.9.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 26.01.2021
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И СО ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧНИ ТОЧКИ И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
Саем, 26.01.2021
Виртуелен дигитален саем „Патот од традиционалното кон новото нормално“
Семинар, 27.01.2021
НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ
Семинар, 27.01.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАЖБА – ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ВАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОДАВНИЦА
Семинар, 28.01.2021
„УСПЕШНО УЧЕСТВО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА“
Работилница, 29.01.2021
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И МОЖНОСТ ЗА НЕГОВА ИЗМЕНА ВО ПОГЛЕД НА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА ВО ВРЕМЕ НА ПРОДОЛЖЕНО ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЗАШИТА ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ, ОТСУСТВО НА БРЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ ОД РАБОТА
Семинар, 29.01.2021
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ - ФОРМА, ПРАВА И ОБВРСКИ, ДОПОЛНИТЕЛНИ И НЕПРЕДВИДЕНИ РАБОТИ, ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ГРАДБА, ОДГОВОРНОСТ НА ПРОЕКТАНТОТ И НАДЗОРОТ
Семинар, 02.02.2021
ДИЗАЈНИРАЊЕ МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ И СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ МЕРКИ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ – ПАНДЕМИЈА
Семинар, 09.02.2021
ИНФЛУЕНСЕР СТРАТЕГИЈА – ОРГАНИЗАЦИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МАРКЕТИНГ АКТИВНОСТИ СО ИНФЛУЕНСЕРИ
Семинар, 10.02.2021
ПРАВИЛНИК ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ - ЌЕ ПЛАНИРАМЕ ЛИ ПОБРЗО, ПОЛЕСНО, ПОХУМАНО?-
Online Бизнис средби, 16.02.2021
Онлајн настан за вмрежување и билатерални средби “Solar Energy Business Mixer II”
Семинар, 24.02.2021
УПРАВУВАЊЕ СО РАЗВОЈОТ НА СОФТВЕРИ – ТЕСТИРАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОДУКЦИЈА
Семинар, 24.02.2021
АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ по Програма на D.R. Gilbert: ЕФИКАСЕН МЕНАЏЕР-ПАТОТ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА И СТРАТЕГИСКА ПОДГОТОВКА
Online Бизнис средби, 25.02.2021
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Семинар, 26.02.2021
ОБУКА ЗА ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ - MS EXCEL 2016
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“