Семинар 30.11.2023 СЀ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД И УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И  НОВИНИТЕ ЗА ТЕКСТИЛ, ГУМИ, МАСЛА И ИСКОРИСТЕНИ ВОЗИЛА СО ПРИМЕНА ОД 01.01.2024 ГОДИНА

„онлајн“-семинар 10:00 - 14:00 часот



Ефикасното управување со отпад се дефинира како комплексен систем за управување со собирање, транспортирање, обработка, рециклирање и складирање на отпадот, со цел да се намали негативното влијание врз околината и јавното здравје. На тој начин, ефикасното управување со отпад се насочува кон намалување на количината на отпад, рециклирање и понатамошно искористување на ресурсите. 

Со цел да се информираат корисниците, за новите законски промени на дополнителните текови на отпад, како и ефикасно управување со посебните текови на отпад, Стопанската комора на Северна Македонија на 30 ноември 2023 година, ќе реализира „онлајн“-семинар на тема: „СЀ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД И УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И НОВИНИТЕ ЗА ТЕКСТИЛ, ГУМИ, МАСЛА И ИСКОРИСТЕНИ ВОЗИЛА СО ПРИМЕНА ОД 01.01.2024 ГОДИНА“.

Семинарот ќе опфати осврт на законските регулативи и обврски на компаниите за правилно управување со посебните текови на отпад во Северна Македонија. Ќе бидат споделени и информации за имплементација на новите законски обврски за посебните текови на отпад  со посебен фокус кон текстил, гуми, масла и искористени возила, детално објаснување на новите законски мерки и обврски за управување со специфични категории на отпад, кои почнуваат со примена почнувајќи од 01.01.2024 година. На самиот крај ќе бидe презентиранa студиja на случај (case study) од успешни примери како да ги подобриме нашите методи и практики во управување со отпад преку анализа и примена на најдобрите светски искуства и решенија кои се веќе докажани како успешни, ефикасни и одговорни.

ПРОГРАМА

I. Вовед во управување со отпадот:

  • Класификација и идентификација на отпадот
  • Како до ефикасно управување со отпадот?
  • Имплементација на 3R методите во управувањето со отпадот
  • Одговорно постапување со отпад и грижа за социјалните импликации

II. Законски прописи за управување со отпадот во РСМ

  • Закон за управување со отпад
  • Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад 
  • Закон за управување со отпад од пакување
  • Закон за управување со дополнителните текови на отпад
  • Закон за управување со електрична и електронска опрема
  • Закон за управување со батерии и акумулатори
  • Законски обврски на компаниите за имплементација на посебните текови на отпад  
  • Имплементација на новите законски обврски за посебните текови на отпад од 01.01.2024 година (текстил, гуми, масла и искористени возила)

III. Успешни примери и идни трендови 

  • Успешни примери во светот 
  • Идни трендови и иновации во управувањето за посебните текови на отпад

Предавач: 
м-р Бесник Адеми, дипломиран економист на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје и магистар по економија на Универзитетот "Тор Вергата" - Рим, Италија, со значително работно искуство во секторот за управувањето со отпад. Вработен во компанијата за управување со отпад од пакување, Алпак-еко на позиција оперативен менаџер.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
•    упатства за приклучување на виртуелниот семинар;
•    работни материјали во електронска верзија;
•    eлектронски сертификат за учество на семинарот.

 Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 27 ноември 2023 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.12.2023
ИНТЕРНИ И ЕКСТЕРНИ ЗЛОУПОТРЕБИ - ПРЕВЕНЦИЈА И ОТКРИВАЊЕ - 
Семинар, 06.12.2023
БЕЗБЕДНА РАБОТА НА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ – ПРЕВЕНЦИЈА, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ –
Семинар, 12.12.2023
МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА: СТРАТЕГИИ И АЛАТКИ ЗА МЕРЕЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ ВО ФИНАНСИСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Семинар, 12.12.2023
Практичен курс за MS EXCEL (ОСНОВНО НИВО) - КЛУЧ ЗА УСПЕХ НА ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2023
Практичен курс - водич за успешна продажба преку социјалните мрежи INSTAGRAM – КАКО АЛАТКА ЗА ПРОДАЖБА
Тренинг обука, 14.12.2023
ЧЕТИРИДНЕВНА ОНЛАЈН ОБУКА НА ТЕМА:САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ
Семинар, 14.12.2023
ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА, ПОСТАПКА ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ, КАКО И ИЗМЕНИ ВО НАЦИОНАЛНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВО ОДНОС НА ПОСТАПКАТА ЗА НИВНО ОДОБРУВАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ
Конференција, 15.12.2023
Конференција и панел дискусија на тема: „Бизнис со цел“ - Како да ги водиш вработените во предизвикувачки времиња -Нови концепти на менаџмент-
Семинар, 20.12.2023
ОЗНАЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА
Семинар, 20.12.2023
ДЕЛОВНА СТАТИСТИКА СО НАПРЕДЕН EXCEL
Семинар, 21.12.2023
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ВО ПИСАРНИЦАТА ЗА НАРЕДНА ГОДИНА, ПОДГОТОВКА И СОБИРАЊЕ НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И НИВНО СКЛАДИРАЊЕ, СРЕДУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ ВО АРХИВА
Семинар, 22.12.2023
ЕДЕН ДЕН- ДВЕ ВЕШТИНИ:EXCEL И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА