Репутацијата на една компанија како поволно место за вработување станува сѐ поважен фактор во изборот на работно место кај потенцијалните вработени. Компаниите ширум светот веќе долги години интензивно вложуваат во позитивни искуства на нивните вработени, имајќи за цел со тоа покрај задржување на вработените, да поттикнат и позитивен word-of-mouth кој ќе ги надополни тековните маркетинг напори на компаниите. Овој тренд полека но сигурно го опфаќа и македонскиот пазар. Компаниите посветуваат внимание на искуството на вработените при работењето, не само на нивното завршување на зададените обврски. Ваквиот пристап значително придонесува за задоволството на вработените, што неретко значи и нивно споделување на задоволството со пошироката јавност. Позитивните реакции од вработените, а со тоа и позиционирањето на компаниите како поволно место за вработување, во денешно време добиваат огромно значење во изборот на работно место кај потенцијалните вработени.
За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 1 декември 2023 година организира „онлајн“-семинар на тема: „EMPLOYER BRANDING – КОМУНИКАЦИЈА ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА НОВ КАДАР“.
Семинарот се фоксуира на запознавање на посетителите со концептот на Employer Branding – неговото значење, потреба и бенефити кои може да ги донесе. Семинарот има за цел да ги запознае посетителите со основите на успешна Employer Branding кампања, да ги подготви да постават долгорочна Employer Branding стратегија и да даде насоки за развој на континуирано ефикасна содржина.
Семинарот е наменет за претставници на маркетинг, HR и PR секторите во компаниите, кои се одговорни за самостојно креирање на содржина за дигитални комуникациски канали или креирање на содржина во соработка со маркетинг агенција.
На овој семинар ќе бидат дискутирани можностите за развивање и имплементирање на Employer Branding кампањи и стратегии, начини за инспирирање и мотивирање на вработените да станат бренд амбасадори на нивните компании, како и примерии и студии на случај од интернационални и локални брендови кои постигнуваат позитивни резултати со активен Employer Branding пристап.
Семинарот е на почетничко ниво – за посетители кои не се запознаени со тематиката или имаат само мало почетно знаење.
ПРОГРАМА
1. ПРВ ДЕЛ: Запознавање со Employer Branding
- Дефинирање на Employer Branding
- Потреба и бенефити од имплементирање на Employer Branding
- Разлика помеѓу Employer Branding и корпоративен брендинг
- Одговорности и организација за спроведување
2. ВТОР ДЕЛ: Процес на развој на Employer Branding кампања
- Анализа на пазар, конкуренција и целна публика
- Развој на целна персона
- Поставување на Employee Value Proposition
- Дефинирање на Employee Journey Map
- Креирање на содржина
3. ТРЕТ ДЕЛ: Спроведување на Employer Branding кампања
- Како до мотивација на вработените?
- Анализа на локални и интернационални примери
- Практична вежба:
- Изработка на објава за LinkedIn
- Изработка на објава за Instagram
- Изработка на блог пост
Предавач:
Ива Дујак e Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Партнер и креативен директор на маркетинг агенцијата Brand Union, каде е задолжена за стратешки развој и комуникација на бројни локални интернационални брендови. Автор на наградуваните блогови This is Not a Social Meda Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks Mk, со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот Факултет Скопје, Економски Факултет Штип, бројни невладини организации и академии.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- упатства за приклучување на виртуелниот семинар;
- работни материјали во електронска верзија;
- eлектронски сертификат за учество на семинарот.
Последен рок за пријавување: 28.11.2023 година.