Семинар 29.11.2023 НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА ФИЛТРИРАЊЕ, НАПРЕДНО ФИЛТРИРАЊЕ, ВАЛИДАЦИЈА, СРЕДУВАЊЕ И АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ И ТЕКСТУАЛНИ ФУНКЦИИ

Онлајн семинар



Напредните алатки на Ексел, како што се напредни филтри, правила, валидација на податоците и текстуалните функции спаѓаат во најважните и најчесто користените алатки во деловното планирање, макро и микроекономската анализа и носењето на одлуки. 
Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме напредните ексел функции, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.
Обуката е наменета за сите оние коишти сакаат да научат како да:
-    Лесно анализираат големи бази на податоци во Ексел;
-    Лесно средуваат текстуални информации во Ексел;
-    Препознаваат ситуации во кои примената на напредни Ексел алатки
     може да помогне во процесот на одлучување; 
-    Да спроведуваат едноставна анализа во пракса користејќи MS Excel и на
     тој начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци; 
-    Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи
    или критички да пристапат во вреднувањето на статистичките податоци
    пред носењето на деловни одлуки.
 Содржина на обуката:
-    Валидација на податоците;
-    Брзи формати за внесување на податоци во Ексел;
-    Користење на филтри;
-    Koристење на напредни филтри;
-    Користење на правила и напредни правила;
-    Текстуални функции во Ексел.

На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
•    Data filters;
•    Text filters;
•    Number filters;
•    Date filters;
•    Advanced filters;
•    Form control;
•    Data Validation;
•    Slicers;
•    Easy data entry forms;
•    Check box;
•    Conditional formatting;
•    Advanced CF techniques;
•    Trim, Proper, Upper, Lower, Len;
•    Split Names;
•    Data-Text-to Columns;
•    Flash fill;
•    Text functions;
•    Tips & tricks (трикови).


Краен резултат: Максимално забрзување на изготвување на анализи!

Предавач:
 
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и на Економскиот факултет на Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Инструкции за приклучување на онлајн-работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија.


Сите заинтересирани за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 27.11.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.12.2023
ИНТЕРНИ И ЕКСТЕРНИ ЗЛОУПОТРЕБИ - ПРЕВЕНЦИЈА И ОТКРИВАЊЕ - 
Семинар, 06.12.2023
БЕЗБЕДНА РАБОТА НА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ – ПРЕВЕНЦИЈА, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ –
Семинар, 12.12.2023
МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА: СТРАТЕГИИ И АЛАТКИ ЗА МЕРЕЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ ВО ФИНАНСИСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Семинар, 12.12.2023
Практичен курс за MS EXCEL (ОСНОВНО НИВО) - КЛУЧ ЗА УСПЕХ НА ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2023
Практичен курс - водич за успешна продажба преку социјалните мрежи INSTAGRAM – КАКО АЛАТКА ЗА ПРОДАЖБА
Тренинг обука, 14.12.2023
ЧЕТИРИДНЕВНА ОНЛАЈН ОБУКА НА ТЕМА:САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ
Семинар, 14.12.2023
ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА, ПОСТАПКА ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ, КАКО И ИЗМЕНИ ВО НАЦИОНАЛНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВО ОДНОС НА ПОСТАПКАТА ЗА НИВНО ОДОБРУВАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ
Конференција, 15.12.2023
Конференција и панел дискусија на тема: „Бизнис со цел“ - Како да ги водиш вработените во предизвикувачки времиња -Нови концепти на менаџмент-
Семинар, 20.12.2023
ОЗНАЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА
Семинар, 20.12.2023
ДЕЛОВНА СТАТИСТИКА СО НАПРЕДЕН EXCEL
Семинар, 21.12.2023
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ВО ПИСАРНИЦАТА ЗА НАРЕДНА ГОДИНА, ПОДГОТОВКА И СОБИРАЊЕ НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И НИВНО СКЛАДИРАЊЕ, СРЕДУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ ВО АРХИВА
Семинар, 22.12.2023
ЕДЕН ДЕН- ДВЕ ВЕШТИНИ:EXCEL И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА