Семинар 28.11.2023 ISO 21502:2020 – СТАНДАРД ЗА УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

Стопанска комора на С.Македонија



Стопанската комора на Северна Македонија на 28 ноември 2023 година (вторник) организира специјалистички еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: ISO 21502:2020 – СТАНДАРД ЗА УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ. 
Повеќето организации се повеќе или помалку се базирани на аплицирање на проекти. Успешното управување со проектот е од суштинско значење за добивање на поголема ефикасност и подобри резултати од истиот. Проектите не се рутински операции, туку вклучуваат уникатни задачи неопходни за постигнување на една единствена цел. Често, проектната работа вклучува членови од различни профили и области и се формираат неколку различни тимови со цел успешното завршување на проектот, што може да означи голема пресвртница за понатамошното работење и развој на една организација. Со цел да се насочаат проектите кон постигнување на бенефите раководењето со проекти ги користи потребните знаења, алатки, вештини и техники од сите расположливи ресурси. 
Статистиката покажува дека:

  • Само 58% од организациите ја разбираат вредноста на проектниот менаџмент;
  • Само 2,5% од претпријатијата успешно/100% ги завршуваат своите проекти;
  • 55%  од проект менаџерите пречекорувањето на буџетот е причина за неуспехот на истиот;
  • Недостатокот на јасни цели е причина за 37% од неуспешните проекти;
  • 44% од проектите не успеваат поради недостаток на усогласување помеѓу деловните и проектни цели;
  • 75% од проектите пропаѓаат бидејќи менаџментот и раководство не се вклучува активно;
  • 57% од проектите не успеваат поради лошата комуникација на членовите вклучени на проектот.

Да се напомене дека:
Стандардот ISO 21502:2020, е стандард за управување со проекти, програми и портфолиа – Водич за управување со проекти (Project Management Guide) , кој нуди насоки и програми за управување со проекти, со фокус на бенефициите во корист на исходот, од почеток до крајот на самиот проект, вклучувајќи го надзорот и активностите поврзани со истите. 
Стандардот ISO 21502:2020 обезбедува насоки за различните практики и вештини потребни во секоја фаза од времетраењето/циклусот на проектот, вклучувајќи планирање и контрола (како што се воочување и решавање на ризици, проблеми и контролирање на настанатите промени), како и управување со бенефициите, деловните и социјалнте промени и информациите.
 ISO 21502:2020 е стандард базиран на методологијата за најдобри практики на институтот за управување со проекти (PMI) на основно ниво. И како што веќе спомнавме, тој е соодветен за секаков вид на организација и било каков вид на проект, без оглед на комплексноста или големината.                                                                   
Придобивки од семинарот:
Користејќи ги насоките на стандардот ISO 21502:2020 за управување со проекти, организациите и проект менаџерите ќе можат да:
• Ги претворат идеите во опипливи или нематеријални резултати;
• Успешно да управуваат и да вклучат други  заинтересирани страни/учесници при развојот и имплементација на проектите;
• Да иницираат, планираат, имплементираат, контролираат и го затворат проектот со конкретни цели, обем и ресурси;
• Да ги контролираат промените во проектите;
• Да управуваат со организациски и социјални промени кои влијаат на проектите;
• Да ги проценат ризиците поврзани со проектот и успешно да управуваат со истите;
• Да учат од активностите при управување со проекти.
За кого е наменет семинарот?
Семинарот е наменет за сите кои на кој и да било начин се вклучени во управување со проектите и тоа членови на управното тело на организацијата, менаџери, раководители или проект менаџери, како и останати вработени кои се вклучени во во текот на целиот проектен тек од аплицирање и имплементација, или пак лица кои сакаат да го да го прошират своето знаење во управување или пак сакаат имаат специјализирани улоги во проектниот тим.


ПРОГРАМА


Вовед во Стандардот ISO 21502:2020;
-    Клаузула 4 Концепти за управување со проекти, која ги прикажува концептите за управување со проектот и поставува рамка за насоките дадени во следните клаузули
-    Клаузула 5 Предуслови за формализирање на проектниот менаџмент, која опишува што треба да земат предвид организациите пред да ја воспостават проектната средина
-    Клаузула 6 Интегрирани практики за управување со проекти, која ги дефинира практиките што треба да се користат од пред-проектните активности до активностите по проектот, и
-    Клаузула 7 Управувачки практики за проект, која ги опишува индивидуалните практики што треба да се земат предвид во текот на проектот

  • Што значи управување со проекти?
  • PMI методологија која е најчеста методологија за управување со проекти.
  • ПРОЕКТ – ГРУПА НА ПРОЦЕСИ И ОБЛАСТИ НА ЗНАЕЊА;
  • 5 ГРУПИ НА ПРОЦЕСИ
  • Иницирање;
  • Планирање;
  • Реализација;
  • Мониторинг и контрола;
  • Затварање на проектот.
  • 10 ОБЛАСТИ НА ЗНАЕЊА
  • Менаџмент за интеграција;
  • Управување со обемот на проектот;
  • Управување со времето;
  • Управување со трошоците;
  • Управување со квалитетот;
  • Управување со ресурсите;
  • Комуникациски вештини;
  • Управување со ризик;
  • Управување со набавките;
  • Менаџирање со заинтересираните страни.
  • Практичен пример – План за добивање на услуга према PMI методологија и
  • Како да се стекнете со меѓународно признаениот сертификат "PECB ISO 21502 Project Manager" кој ги валидира вашите професионални способности и покажува дека ги имате сите потребните знаења и вештини во управувањето со проекти врз базирано на насоките стандардот ISO 21502:2020.


Предавач: 
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи,  директор на PDCA KONSALTING, ДОО Нови Сад, водечки стручен консултант за проектирање и имплементација на ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; ISO/IEC 27001:2013; ISO 20000-1:2018; ISO 22301:2012; ISO 31000:2018; ISO 37001:2016, GDPR во повеќе организации во Србија, Црна Гора и БИХ, воедно и менаџер за проценка на ризик во работењето на основа на ISO 31000. Поседува 15 годишно искуство како директор на логистика во различни организации (Застава промет Сомбор – автомобилска индустрија), Генел – бренд Хаусел и застапник на Elektrolux, Zannusi, Indesit уреди за Србија, STAV – овластен дистрибутер Samsung за Србија и Црна Гора.

Работен јазик: српски

За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:

  • Линк за приклучување на обуката преку платформата Webex Cisko;
  • Електронски работен материјал; 
  • Електронски сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 23.11.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.12.2023
ИНТЕРНИ И ЕКСТЕРНИ ЗЛОУПОТРЕБИ - ПРЕВЕНЦИЈА И ОТКРИВАЊЕ - 
Семинар, 06.12.2023
БЕЗБЕДНА РАБОТА НА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ – ПРЕВЕНЦИЈА, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ –
Семинар, 12.12.2023
МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА: СТРАТЕГИИ И АЛАТКИ ЗА МЕРЕЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ ВО ФИНАНСИСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Семинар, 12.12.2023
Практичен курс за MS EXCEL (ОСНОВНО НИВО) - КЛУЧ ЗА УСПЕХ НА ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2023
Практичен курс - водич за успешна продажба преку социјалните мрежи INSTAGRAM – КАКО АЛАТКА ЗА ПРОДАЖБА
Тренинг обука, 14.12.2023
ЧЕТИРИДНЕВНА ОНЛАЈН ОБУКА НА ТЕМА:САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ
Семинар, 14.12.2023
ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА, ПОСТАПКА ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ, КАКО И ИЗМЕНИ ВО НАЦИОНАЛНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВО ОДНОС НА ПОСТАПКАТА ЗА НИВНО ОДОБРУВАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ
Конференција, 15.12.2023
Конференција и панел дискусија на тема: „Бизнис со цел“ - Како да ги водиш вработените во предизвикувачки времиња -Нови концепти на менаџмент-
Семинар, 20.12.2023
ОЗНАЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА
Семинар, 20.12.2023
ДЕЛОВНА СТАТИСТИКА СО НАПРЕДЕН EXCEL
Семинар, 21.12.2023
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ВО ПИСАРНИЦАТА ЗА НАРЕДНА ГОДИНА, ПОДГОТОВКА И СОБИРАЊЕ НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И НИВНО СКЛАДИРАЊЕ, СРЕДУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ ВО АРХИВА
Семинар, 22.12.2023
ЕДЕН ДЕН- ДВЕ ВЕШТИНИ:EXCEL И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА