Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка и Националниот совет за медијација-Владино тело, продолжуваат со организација на третиот циклус на бесплатни предавања за компаниите и сите други заинтерсирани страни, со цел поголема популаризација и афирмација на предностите од користењето на медијацијата во нашата држава.
Со цел останување во добри деловни односи со партнерите, поголема предвидливост на настаните во следниот период, рационализација на трошоците, избегнување на долги судски постапки а со тоа помагање на судството преку негово растеретување, особено се препорачува користењето на медијацијата како најбрза и најекономична постапка која има сила на извршна исправа доколку спогодбата постигната од самиот процес се солемнизира на нотар.
Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора на Северна Македонија за промовирање на медијацијата, институционално е поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка.
Во овој циклус, бесплатните предавања ќе продолжат да се реализираат на 27-ми септември 2023 година во Скопје, на 31-ви октомври 2023 година во Прилеп и на 10-ти ноември 2023 година во Кавадарци.
Во тој контекст, во Скопје, бесплатното предавање на Стопанската комора на Северна Македонија, на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и на Националниот совет за медијација на темата: “Придобивките на медијацијата како еден од најефикасните начини на алтернативното решавање на споровите” ќе се одржи во Стопанската комора на Северна Македонија на 27.09.2023 година (среда) во голема сала на 5 кат од 10:00 до 13:30 часот.
ЦЕЛНА ГРУПА: менаџери на компании, раководители на правен сектор, раководители на финансиски сектор, раководители на сектор за човечки ресурси, адвокати, судии, јавни обвинители и останати занитересирани кои сакаат да се запознаат со дадената проблематика која е тема на предавањето.
Учеството на предавањето е бесплатно, а задолжително е пријавување за настанот најдоцна до 25.09.2023 година, со цел професинална организација на настанот.
Контакт лице за пријавување: д-р Јелисавета Георгиева Јовевеска, тел. 070/234-273,
e-mail:jelisaveta@mchamber.mk