Семинар 29.09.2023 ВРЕДНУВАЊЕ НА КОМПАНИИ СО DCF МОДЕЛ И НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ

Онлајн семинар



Вреднувањето е “врвот на финансиите“. Со познавањето на вреднувањето влегувате во “кругот“ на врвни финансиски аналитичари!
Методот на дисконтирани готовински текови (DCF) е еден од најкористените методи за вреднување на компаниите и инвестициите. Идеата која стои зад методот на DCF е дека вредноста на фирмата е одредена со магнитудата и времето кога се очекува генерирање на паричните текови. 
Критичниот елемент, кој ја детерминира апликацијата на моделот на DCF за вреднување на проект или вреднување на компанија, е содржан во фактот дека готовинските текови остварени во различно време имаат различни вредности и можат да бидат прецизно одредени само преку примена на временската вредност на парите.
Методот на DCF претставува начин на утврдување на вредноста на компанијата со пресметување на сегашната вредност на готовинските текови за целиот животен тек на компанијата. 
Анализата се прави преку два чекори:
-    Прво, се одредува период за кој се прават експилицитни предвидувања
     на слободните готовински текови (FCF);
-    Второ, се проценува тнр. Терминска вредност.
Значи, генеричкиот модел на дисконтирани готовински текови може да се користи за вреднување на фирмата или за вреднување на акционерскиот капитал. 
На овој семинар преку практична работа ќе стекнете знење, вештини и компетенции за вреднување на компаниите. 
Научете да користите софтвер за DCF вреднување и навлезете длабоко во светот на финансиската анализа и стенете врвен финансиски аналитичар!

ЦЕЛИ:

-    Запознавање со моделот на DCF вреднување на компании;
-    Брзо и сеопфатно проектирање на идните готовински текови на компанијата;
-    Прецизно утврдување на дисконтната стапка за дисконтирање на слободните парични текови;
-    Пресметување на терминална (континуирана) вредност на компанијата;
-    Пресметување на вредноста на бизнисот;
-    Пресметување на вредноста на сопствениот капитал и вредноста на акциите на компанијата;
-    Корисности и ограничувања на методот на DCF.

АГЕНДА:
-    Предвидување и пресметка на FCF;
-    Пресметка на WACC;
-    Пресметка на Терминска (континуирана) вредност;
-    Дисконтирање на FCF и TV;
-    Пресметка на вредноста на компанијата (Enterprise value);
-    Пресметка на вредноста на акцијата;
-    Практична работа – креирање на софтвер во Excel за вреднување на
     компании со користење на слободни готовински текови (Free Cash Flow- FCF);
-    Вреднување на компании со примена на free cash flow – работа на два практични примери со Excel.

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: 
Инвеститори, претприемачи, менаџери, управители, лица од областа на финансиското работење, сметководството, финансиското известување, лица кои учествуваат во инвестициони проекти, вработени во банки и други финансиски институции, студенти на економски факултети на прв, втор и трет циклус на студии и сите заинтересирани за работа во финансискиот сектор. Истата особено е корисна за менаџерските позиции управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.

Предавач:
 
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 
За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
-    Е-сертификат и
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 27.09.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Тренинг обука, 03.10.2023
SEED+ КАМПАЊА ЗА БРЗО УЧЕЊЕ И ОБУКА ЗА ВЕТЕРИНАРНИ СЕРТИФИКАТИ
Семинар, 04.10.2023
ИТ КАТАСТРОФИ И ОДРЖУВАЊЕ НА КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТЕЊЕТО - Управување со кризни ситуации – дефинирање, изработка на план за континуитет во бизнисот, тестирање и опоравување -
Семинар, 09.10.2023
СОЗДАВАЊЕ МОДЕЛ ЗА СЕГМЕНТАЦИЈА НА КЛИЕНТИТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА PYTHON И МАШИНСКО УЧЕЊЕ
Брокерски настан, 10.10.2023
Билатерални деловни средби „Green Days“ во рамките на Саемот за животна средина и енергија „Pollutec“ во Лион, Франција, 10-13 октомври 2023 година, https://green-days-pollutec-2023.b2match.io/
Форум, 12.10.2023
Македонско-австриски бизнис-средби во Стопанската комора на Северна Македонија
Семинар, 17.10.2023
ДОНЕСУВАЊЕ СТРАТЕГИСКИ ОДЛУКИ ВО МАРКЕТИНГОТ:  ОБУКА ЗА АНАЛИТИКА ЗА УСПЕХ 
Online Бизнис средби, 24.10.2023
“Energy Business Meetings at OMC 2023”-Деловни средби за енергетика https://omc2023.b2match.io/ (xибриден настан), Равена, Италија