Семинар 28.09.2023 СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС И АНКСИОЗНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО

Онлајн семинар



Стресот и анксиозноста се неизбежени психолошки појави во работната средина. Добрата вест е дека стресот не е она што ни се случува, туку нашата реакција на она што ни се случува. Ова значи дека стресот и анксиозноста може да се превенираат, препознаат и контролираат. 
    Доколку менаџментот и вработените се под постојан стрес или анксиозност, тоа може да биде еден од главните фактори за неуспех на одредена фирма, како и директен фактор за проблеми со менталното здравје кај секој еден чинител на организацијата.
    Стресот и анксиозноста имаат директно негативното влијание врз продуктивноста и ефикасноста на тимот. Затоа од големо значење е компаниите да ги препознаваат штетните ефекти на стресот врз сите свои членови, да ги негуваат меѓучовечките односи во тимот и правилно да управуваат со стресот во организацијата. 
    Треба да знаеме да препознаеме што влијае на појавата на стресот, како и да научиме како да се фокусираме на негово надминување на вистински начин и навремено. Оваа обука ги нуди знаењата, вештините, техниките и алатките потребни за ефективно превенирање,  препознавање  и менаџирање на стресот и анксиозноста..
Семинарот е наменет и за менаџментот и за сите вработени, а акцентот е ставен на стресните фактори специфични за организацијата.
Содржина на обуката: 
1.    Вовед во стрес 
 -    Дефинирање на стресот;
 -   Причини за појава на стрес;
-    Видови стресови;
-    Психолошки конфликти и фрустрации.

2. Анксиозност;
3. Техники за справување со стресот;
4. Анализа на резултатите добиени со психолошката методска постапка во компанијата;
5. Заклучок и креирање на соодветна методологија за препознавање, менаџирање и справување со стрес во компанијата.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?!
•    На сите вработени во компанијата, особено оние кои се чувствуваат под стрес, кои се постојано напнати, раздразливи, деконцентрирани, во постојана трка со времето и кои мислат дека ја губат таа трка и дека темпото на животот. Обуката е наменета за сите кои сакаат да го оптимизираат своето работно време, подобро да ги структурираат своите обврски и да го намалат стресот, како на работното место, така и во приватната сфера.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ОБУКАТА:

•    Навремено препознавање на потенцијалните ризици од професионално исцрпување
•    Учесниците ќе можат ефективно да ја организираат и распоредат работата под дневен притисок
•    Ефективно управување со стресот преку усвоени техники за надминување на стресот
•    Подобрување на меѓучовечките односи и работната атмосфера
•    Подобрување на квалитетот на работата на организацијата во целина.

ОБУЧУВАЧ:

м-р Николина Ивановска Котевска -  професор по психологија, Гешталт советник, кариерен советник. Професионалец со повеќе од 15 години искуство во областа на човечки ресурси,предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 100 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 900 вработени од сите хиерархиски нивоа. Психолошки советник со секојдневна работа на индивидуално ниво со клиенти во областа на советувањето и психотерапијата како и професионалната ориентација.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
•    упатства за приклучување на „онлајн“-обука;
•    материјали во електронска верзија и
•    е-сертификат за учество на обуката.       

Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до  26.9.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Тренинг обука, 03.10.2023
SEED+ КАМПАЊА ЗА БРЗО УЧЕЊЕ И ОБУКА ЗА ВЕТЕРИНАРНИ СЕРТИФИКАТИ
Семинар, 04.10.2023
ИТ КАТАСТРОФИ И ОДРЖУВАЊЕ НА КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТЕЊЕТО - Управување со кризни ситуации – дефинирање, изработка на план за континуитет во бизнисот, тестирање и опоравување -
Семинар, 09.10.2023
СОЗДАВАЊЕ МОДЕЛ ЗА СЕГМЕНТАЦИЈА НА КЛИЕНТИТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА PYTHON И МАШИНСКО УЧЕЊЕ
Брокерски настан, 10.10.2023
Билатерални деловни средби „Green Days“ во рамките на Саемот за животна средина и енергија „Pollutec“ во Лион, Франција, 10-13 октомври 2023 година, https://green-days-pollutec-2023.b2match.io/
Форум, 12.10.2023
Македонско-австриски бизнис-средби во Стопанската комора на Северна Македонија
Семинар, 17.10.2023
ДОНЕСУВАЊЕ СТРАТЕГИСКИ ОДЛУКИ ВО МАРКЕТИНГОТ:  ОБУКА ЗА АНАЛИТИКА ЗА УСПЕХ 
Online Бизнис средби, 24.10.2023
“Energy Business Meetings at OMC 2023”-Деловни средби за енергетика https://omc2023.b2match.io/ (xибриден настан), Равена, Италија