Семинар 16.06.2023 ВНАТРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ, ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОДУКТИВНИ И ЕФИКАСНИ СОСТАНОЦИ И РЕШАВАЊЕ КОНФЛИКТИ

Онлајн семинар



Организациската комуникација е важен аспект од деловното опстојување на секоја компанија. Таа е темел и појдовна точка за постигнување повисока компаниска ефикасност. Организациската комуникација го овозможува преносот на информации меѓу вработените и ги решава и елиминира недоразбирањата меѓу нив. 
На интерно ниво, добрите вештини за комуницирање придонесуваат за воспоставување добри меѓучовечки односи помеѓу вработените, но и на релација вработени – менаџери. Добрата комуникација помага при создавање на успешна деловна средина и организациска култура каде што постои меѓусебно почитување и мотивираност на вработените за остварување на организациските цели, но и каде што се негуваат правилните норми, вредности и ставови
 Добрите вештини за комуницирање го овозможуваат тоа. Кога се размислува за деловната комуникација на екстерно ниво, несомнено е дека прво на што неизбежно би се помислило е комуникацијата која организацијата ја има со клиентите, добавувачите и другите соработници. Ова е исто толку важна димензија на деловната комуникација.
 Во современата глобална економија, кога многу малку компании функционираат само во границите на земјата во која се наоѓаат, наспроти мноштвото компании што се одлучуваат да функционираат меѓународно, не смее да се заборави и подобрувањето на интерперсоналниот и интеркултурниот однос. Во современиот свет на глобални технолошки промени се наметнува и потребата компанијата да гради ефективни вештини за електронско комуницирање за остварување на поголема соработка меѓу нејзнитите вработени, но и за продлабочување на контактот што го има со своите клиенти и соработници. Сите претходно наведени аспекти на корисноста на добрите вештини за интерна и екстерна деловна комуникација имаат статус на начини преку кои индиректно или директно се помага при остварувањето на организациските цели, што секако води кон позитивен ефект врз успешноста и ефикасноста на компанијата.
Околу темите на самиот семинар би било одлична можност доколку разговараме за:
-    Улогата на комуникацијата;
-    Видови деловна комуникација;
-    Комуникациски бариери;
-    Невербална комуникација и тимска работа;
-    Улогите на невербалната комуникација;
-    Процес на слушање;
-    Тимска работа;
-    Деловна коресподенција;
-    Техничка комуникација;
-    Планирање презентација;
-    Организирање презентација;
-    Организирање продуктивни и ефективни состаноци;
-    Видови состаноци;
-    Комуникација со потрошувачи;
-    Комуникација на работното место - основи на деловниот бон тон.

МОДУЛИ
Модул 1:
Улогата на комуникацијата 
•    Процесот на комуникација;
•    Видови деловна комуникација;
•    Комуникациски бариери;
•    Читање на работното место.
Невербална комуникација и тимска работа
•    Улогите на невербалната комуникација;
•    Невербалните симболи и вашиот стил;
•    Процес на слушање;
•    Тимска работа.

Модул 2:
Деловна коресподенција;
Пишување на потрошувачи и на корисници;
Техничка комуникација;
Презентации и состаноци:
•    Усни презентации;
•    Планирање презентација;
•    Организирање презентација;
•    Начин на држење говор;
•    Ефективни состаноци;
•    Видови состаноци;
•    Документи за состаноци;
•    Учество на состаноци;
•    Организирање продуктивни состаноци;

Модул 3:
Тим билдинг, моќта на тимската култура:
-    Креирање на тимска култура;
-    Однесување на тимот ;
-    Градење на високо перформансни тимови;
-    Креирање на основите на тимот.

Модул 4
Градење на високо перформансни тимови и нивно менаџирање и менаџирање на конфликти
-    Видови на тимови;
-    Митови за успешен тим;
-    Градење на квалитети за добар тимски член;
-    Менаџирање на конфликти;
-    Превентивно делување.

Целна група: 
-    Вработени лица на различни работни позиции во рамки на вертикалната хиерархија на организацијата.

Предавачи:
-проф. д-р Драган Ѓурчевски, доктор на економски науки, специјалност меѓународна економија и деловно комуницирање.
-проф. д-р Викторија Трајков, доктор на економски науки, специјалност маркетинг, односи со јавноста и брендирање.
Заинтересираните за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 14.06.2023 година.


 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Тренинг обука, 03.10.2023
SEED+ КАМПАЊА ЗА БРЗО УЧЕЊЕ И ОБУКА ЗА ВЕТЕРИНАРНИ СЕРТИФИКАТИ
Семинар, 04.10.2023
ИТ КАТАСТРОФИ И ОДРЖУВАЊЕ НА КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТЕЊЕТО - Управување со кризни ситуации – дефинирање, изработка на план за континуитет во бизнисот, тестирање и опоравување -
Семинар, 09.10.2023
СОЗДАВАЊЕ МОДЕЛ ЗА СЕГМЕНТАЦИЈА НА КЛИЕНТИТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА PYTHON И МАШИНСКО УЧЕЊЕ
Брокерски настан, 10.10.2023
Билатерални деловни средби „Green Days“ во рамките на Саемот за животна средина и енергија „Pollutec“ во Лион, Франција, 10-13 октомври 2023 година, https://green-days-pollutec-2023.b2match.io/
Форум, 12.10.2023
Македонско-австриски бизнис-средби во Стопанската комора на Северна Македонија
Семинар, 17.10.2023
ДОНЕСУВАЊЕ СТРАТЕГИСКИ ОДЛУКИ ВО МАРКЕТИНГОТ:  ОБУКА ЗА АНАЛИТИКА ЗА УСПЕХ 
Online Бизнис средби, 24.10.2023
“Energy Business Meetings at OMC 2023”-Деловни средби за енергетика https://omc2023.b2match.io/ (xибриден настан), Равена, Италија