Стопанската комора на Северна Македонија, на 20 јуни 2023 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Предизвици и дилеми поврзани со воведување и плаќање на прекувремената работа, нејзино ново димензионирање преку последните измени на ЗРО и најчести прашања кои произлегуваат од доискористување на годишен одмор до 30-ти јуни и можност за кристење неплатено отсуство“.
Тргнувајќи од неодамнешните јавно водени дискусии за прекувремената работа како институт кој деликатно навлегува во најсуштинските права на работниците, на оваа работилница ќе се разработат карактеристиките, начинот на воведување и плаќање на прекувремената работа, и ќе се анализираат последните измени на ЗРО. При тоа, иако применливоста на новите одредби е само за тесна група на работници, ќе се дискутира дали ваквите измени ја отвораат вратата за поинакво толкување на значењето на прекувремената работа и за поширока категорија на работници.
Во пресрет на годишните одмори, работилницата ќе ги анализира и разреши дилемите поврзани со начинот на користење на одморот, со особен фокус на обврската за доискористување на преостанатиот годишен одмор најдоцна до 30-ти јуни во тековната година.
Дополнително, ќе се разгледаат и другите основи за платен одмор, а со особено внимание ќе се разговара и за неплатеното отсуство и ќе се утврди дали упатеното барање од работникот секогаш мора да резултира со позитивен одговор од работодавачот.
Работилницата ќе има интерактивен пристап со практични објаснувања и примери.
ПРОГРАМА
I. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ И ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ
- Обврска за регистрирање на работно време во ЦРМ;
- Задолжителен содржински елемент на договорите за вработување.
II. ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА
- Поим и основи за воведување на прекувремена работа;
- Времетраење на прекувремената работа;
- Бонус за прекувремени часови;
- Во што се состојат и на кого се однесуваат последните измени на ЗРО поврзани
со прекувремената работа?
III. РАБОТА НОЌЕ
- Посебна заштита на работниците кои работат ноќе.
IV. ГОДИШЕН ОДМОР
- Право на годишен одмор, определување за секој вработен одделно, стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор;
- Обврска за доискористување на претходен годишен одмор најдоцна до 30-ти јуни во тековната година и начин на користење на одморот.
V. ДРУГИ ПЛАТЕНИ ОТСУСТВА-ПЛАТЕН ОДМОР
- Склучување на брак, склучување брак на дете, раѓање или посвојување дете, смрт на сопружник или дете, смрт на родител, брат, сестра, смрт на родител на сопружник, смрт на дедо или баба, полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот, елементарни непогоди.
VI. НЕПЛАТЕНО ОТСУСТВО
- Правни основи за користење неплатено отсуство;
- Мирување на правата од работен однос;
- Акти за реализирање на неплатено отсуство;
- Можност за работодавачот да одлучува дали ќе с еодобри неплатено отсуство.
Предавач:
- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
- Е-сертификат и
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 16.06.2023 година.