Семинар 23.06.2023 РАЗВОЈ И ПРИМЕНА НА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Онлајн семинар



Емоционална интелигенција или EQ – станува клучен елемент за нашиот личен професионален развој и успех.
Светскиот Економски Форум ја рангираше емоционалната интелигенција на шесто место на листата од топ 10 вештини кои вработените треба да ги поседуваат за да постигнат успех и напредување на работно место.
•    58% од случаевите на професионален успех се должат на поседување на висок коефициент на емоционална интелигенција. 
•    90% од вработените кои постигнуваат високи резултати во работата поседуваат висок коефициент на емоционална интелигенција.
•    Емоционална интелигенција претставува основа за развој на многу од
      клучните вештини на работни место, некои од нив се: 
•    Вештини за ефикасна комуникација;
•    Ефикасно управување со време;
•    Управување со промени; 
•    Иновативност; 
•    Продажни вештини и услуга на клиенти;
•    Способност за решавање на проблеми;
•    Ориентираност кон континуирано учење и постигнување на резултати; 
•    Менторски вештини; 
•    Лидерски вештини;
•    и други. 
Опис на програмата: 
Оваа обука јасно го дефинира концептот на емоционална интелигенција, објаснува колку е клучна за приватниот и професионалниот развој и дава практични решенија и алатки како учесниците да ги применат знаењата во секојдневниот живот а со тоа да ја подобрат својата лична самодоверба како и професионалниот успех. 
Емоционална интелигенција претставува збир од способности и вештини кои определуваат колку успешно ќе управуваме со личниот живот и нашата способност да ги разбереме луѓето околу нас, како да комуницираме и соработуваме успешно со нив. 
Во денешната комплексна и променлива средина, техничката експертиза или специјалистичко знаење за извршување на работните задачи не е повеќе доволно за успех. Секојневно сме соочени со нови и зголемени барања на работните места, повеќе притисок и стрес и потреба од поголема комуникација со другите за што е потребно да бидеме проактивни, отворени во пристап и соработка со другите, да знаеме како да управуваме со нашата продуктивност, меѓусебните односи и луѓето со кои сме опкружени. 
Здобиените способности и вештини кои произлегуваат од емоционалната интелигенција на учесниците ќе им овозможат полесно справување и проактивност во управување со промените во приватниот и професионалниот живот и ќе им даде можност за развој на перспектива и самодоверба за управување со личните и емоции како и очекувањата и емоциите на луѓето со кои се опкружени. 

За кого е наменета  
•    Менаџери  на сите нивоа во организација, вработени кои имаат аспирации за раководна позиција, вработени кои согласно систем за управување со таленти се идентификувани за идни раководни позиции;
•    Вработени и индивидуалци кои сакаат да ги подобрат своите можности за развој на кариера и продуктивно управување со личниот живот преку развој на емоционална интелигенција;
•    Сите индивидуи кои сакаат да ги развијат своите лидерски вештини. 

Од оваа обука ќе научите: 

•    Да ги разберете и примените принципите на емоционален развој на двете полиња во животот,
     личен и професионален; 
•    Подобро разбирање на врската помеѓу мислите и емоциите, да направите разлика
      помеѓу нив со цел да направите подобри одлуки ;
•    Да станете отпорни и проактивни кога сте соочени со предизвици, стрес,
      притисок и големи очекувања; 
•    Да идентификувате начини на кои преку практична примена на емоционална
     интелигенција ќе постигнете подобри резултати со луѓето за кои сте одговорни; 
•    Да ги разберете различните модели на однесувања и очекувања и како да работите
     со луѓе кои имаат различно однесување и очекувања; 
•    Да го разберете лидерскиот модел и пристап кој е потребно да го примените кога
      се наоѓате во тешка ситуација; 
•    Важноста на конфликт и како преку конфликт може да се изградат односи со другите; 
•    Развој на социјални вештини и емоционална интелигенција; 
•    Подобрување на лидерски вештини преку примена на емоционална интелигенција.

Области кои ги покрива програмата:
•    Модел на емоционална интелигенција на Daniel Goleman; 
•    Четири основни области на емоционална интелигенција;
•    Самосвесност; 
•    Развој на самосвесност;
•    Развој на самодоверба; 
•    Развој на самоконтрола;
•    Развој на свесност за другите; 
•    Градење на односи со другите; 

Методологија на предавање:
-    Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот
      живот и случувања во организациите;
-    Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
-    Учење преку индивидуални и тимски вежби; 
-    Отворени дискусии.

Обучувач:
Наташа Алексовска -  Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс. Професионалец со повеќе од 18 години искуство во областа на човечки ресурси, предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 150 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1650 вработени од сите хиерархиски нивоа. 
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
•    упатства за приклучување на „онлајн“-обука;
•    материјали во електронска верзија и
•    е-сертификат за учество на обуката.       

Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 21.06.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Тренинг обука, 03.10.2023
SEED+ КАМПАЊА ЗА БРЗО УЧЕЊЕ И ОБУКА ЗА ВЕТЕРИНАРНИ СЕРТИФИКАТИ
Семинар, 04.10.2023
ИТ КАТАСТРОФИ И ОДРЖУВАЊЕ НА КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТЕЊЕТО - Управување со кризни ситуации – дефинирање, изработка на план за континуитет во бизнисот, тестирање и опоравување -
Семинар, 09.10.2023
СОЗДАВАЊЕ МОДЕЛ ЗА СЕГМЕНТАЦИЈА НА КЛИЕНТИТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА PYTHON И МАШИНСКО УЧЕЊЕ
Брокерски настан, 10.10.2023
Билатерални деловни средби „Green Days“ во рамките на Саемот за животна средина и енергија „Pollutec“ во Лион, Франција, 10-13 октомври 2023 година, https://green-days-pollutec-2023.b2match.io/
Форум, 12.10.2023
Македонско-австриски бизнис-средби во Стопанската комора на Северна Македонија
Семинар, 17.10.2023
ДОНЕСУВАЊЕ СТРАТЕГИСКИ ОДЛУКИ ВО МАРКЕТИНГОТ:  ОБУКА ЗА АНАЛИТИКА ЗА УСПЕХ 
Online Бизнис средби, 24.10.2023
“Energy Business Meetings at OMC 2023”-Деловни средби за енергетика https://omc2023.b2match.io/ (xибриден настан), Равена, Италија