Опис на програмата:
Цел на оваа обука е да ја демонстрира клучната разлика помеѓу традиционалниот менаџмент и инспирационото лидерство. Учесниците на оваа обука ќе имаат можност да се запознаат со важни аспекти од организациониот живот вклучувајќи ги темите како карактеристики на ефективни тимови, стилови на лидерство, вештини за ефикасна комуникација, како и важноста на алтруизмот и емпатијата за управување со вработените.
Од оваа обука ќе научите:
• Клучни разлики помеѓу менаџирање и лидерство;
• Каков лидерски стил да користите во зависност од тимот;
• Како ефективно се делегира;
• Важност на ефикасна и веродостојна комуникација на работно место;
• Како да комуницирате со вработени со различни комуникациски стилови;
• Како се гради високо ефективен тим.
Програма на обука:
• Карактеристики на високо ефективен тим;
• Организацијата како систем;
• Заедничка цел;
• Стилови на раководење;
• Важност на делегирање;
• Ефикасна комуникација
• Комуникациски стилови – DISC методологија;
• Алтруизам – Емпатија.
Методологија на предавање:
- Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот,
живот и случувања во организациите;
- Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
- Учење преку индивидуални и тимски вежби;
- Отворени дискусии.
Обучувач:
Наташа Алексовска - Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс. Професионалец со повеќе од 18 години искуство во областа на човечки ресурси, предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 150 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1650 вработени од сите хиерархиски нивоа.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
• упатства за приклучување на „онлајн“-обука;
• материјали во електронска верзија и
• е-сертификат за учество на обуката.
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 13.06.2023 година.