Семинар 30.05.2023 ПРАВИЛА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Онлајн семинар



Обуката Практична примена на Законот за јавните набавки и најчестите пропусти при спроведување на постапките има за цел да ги опфати сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на пропустите кои ги прават договорните органи при изготвувањето на тендерската документација, евалуацијата на понудите, како и предизвиците со кои се соочуваат економските оператори во пракса.
Обуката има за цел да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки како и дилемите кои се јавуваат во секојдневното спроведување на јавните набавки и изготвувањето на понудите од страна на економските оператори, како и истите ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со посебен акцент на примери од праксата.


МОДУЛИ:
Модул 1:
Предизвици со кои се соочуваат договрните органи при изготвување на тендерската документација :
    -Услови за квалитативен избор на економските оператори и докажување на 
     способноста преку примери и пракса;
    -Изготвување на техничка спецификација;
    -Средства за обезбедување.

 Модул 2:
Најчести пропусти по фазите од постапката за јавна набавка (најчесто користените) и пропусти кои ги прават економските оператори при изготвување на понудите
-Набавка од мала вредност;
-Поедноставена отворена постапка;
-Отворена постапка.

Модул 3:
Правилна евалуација на понудите:
-Како се докажува способноста на економските оператори?
-Што е дозволено да се дополнува и појаснува од понудувачите при евалуација на 
 понудите?
-Како се утврдува невообичаено ниска цена;
-Користење способност од други субјекти (групна понуда, поддршка и 
 подизведување);
-Најчести пропусти од страна на договорните органи и понудувачите преку 
 практични примери на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Модул 4:
Правна заштита:
-Право на жалба и странки во жалбената постапка;      
-Правила за докажување;
-Изјавување жалба и рокови за изјавување жалба; 
-Битни повреди на законот и други повреди на законот и материјалните  
 прописи;  
-Креирање на е-жалба;
-Одлуки на Државната Комисија за жалби по јавни набавки.

Целна група:
Компании кои учествуваат со свои понуди на јавни набавки и компании кои се заинтересирани за учество во јавните набавки.

Предавач:
-Савка Нејковска-Тасева – вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.
-Златко Ќиќерковски-вработен во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 26.05.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 15.06.2023
ЛИДЕРСКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИВНИ ТИМОВИ
Семинар, 16.06.2023
ВНАТРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ, ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОДУКТИВНИ И ЕФИКАСНИ СОСТАНОЦИ И РЕШАВАЊЕ КОНФЛИКТИ
Семинар, 20.06.2023
ПРЕДИЗВИЦИ И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ВОВЕДУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА, НЕЈЗИНО НОВО ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ ПРЕКУ ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗРО И НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОИСКОРИСТУВАЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР ДО 30-ти ЈУНИ
Семинар, 20.06.2023
ЕКСЕЛ ЗА ФИНАНСИИ И ИНВЕСТИЦИИ
Семинар, 22.06.2023
ПРОМОЦИЈА НА СОПСТВЕН БРЕНД НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: (FACEBOOK,VIBER, INSTAGRAM, TWITTER, SNAPCHAT)
Семинар, 23.06.2023
РАЗВОЈ И ПРИМЕНА НА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Семинар, 27.06.2023
EXCEL SALES’ DATA ANALYSIS-ДАТА АНАЛИЗА НА ПРОДАЖБА
Семинар, 27.06.2023
УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ
Саем, 06.07.2023
Учество во купувачка мисија и посета на: 16. Меѓународен саем за преработка на храна и технологии во прехранбената индустрија „FOTEG ISTANBUL 2023“