Стопанската комора на Северна Македонија на 31 мај 2023 година (среда) организира специјалистички еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: ISO 21502:2020 – СТАНДАРД ЗА УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ.
Повеќето организации се повеќе или помалку се базирани на аплицирање на проекти. Успешното управување со проектот е од суштинско значење за добивање на поголема ефикасност и подобри резултати од истиот. Проектите не се рутински операции, туку вклучуваат уникатни задачи неопходни за постигнување на една единствена цел. Често, проектната работа вклучува членови од различни профили и области и се формираат неколку различни тимови со цел успешното завршување на проектот, што може да означи голема пресвртница за понатамошното работење и развој на една организација. Со цел да се насочаат проектите кон постигнување на бенефите раководењето со проекти ги користи потребните знаења, алатки, вештини и техники од сите расположливи ресурси.
Статистиката покажува дека:
- Само 58% од организациите ја разбираат вредноста на проектниот менаџмент;
- Само 2,5% од претпријатијата успешно/100% ги завршуваат своите проекти;
- 55% од проект менаџерите пречекорувањето на буџетот е причина за неуспехот на истиот;
- Недостатокот на јасни цели е причина за 37% од неуспешните проекти;
- 44% од проектите не успеваат поради недостаток на усогласување помеѓу деловните и проектни цели;
- 75% од проектите пропаѓаат бидејќи менаџментот и раководство не се вклучува активно;
- 57% од проектите не успеваат поради лошата комуникација на членовите вклучени на проектот.
Да се напомене дека:
Стандардот ISO 21502:2020, е стандард за управување со проекти, програми и портфолиа – Водич за управување со проекти (Project Management Guide) , кој нуди насоки и програми за управување со проекти, со фокус на бенефициите во корист на исходот, од почеток до крајот на самиот проект, вклучувајќи го надзорот и активностите поврзани со истите.
Стандардот ISO 21502:2020 обезбедува насоки за различните практики и вештини потребни во секоја фаза од времетраењето/циклусот на проектот, вклучувајќи планирање и контрола (како што се воочување и решавање на ризици, проблеми и контролирање на настанатите промени), како и управување со бенефициите, деловните и социјалнте промени и информациите.
ISO 21502:2020 е стандард базиран на методологијата за најдобри практики на институтот за управување со проекти (PMI) на основно ниво. И како што веќе спомнавме, тој е соодветен за секаков вид на организација и било каков вид на проект, без оглед на комплексноста или големината.
Придобивки од семинарот:
Користејќи ги насоките на стандардот ISO 21502:2020 за управување со проекти, организациите и проект менаџерите ќе можат да:
• Ги претворат идеите во опипливи или нематеријални резултати;
• Успешно да управуваат и да вклучат други заинтересирани страни/учесници при развојот и имплементација на проектите;
• Да иницираат, планираат, имплементираат, контролираат и го затворат проектот со конкретни цели, обем и ресурси;
• Да ги контролираат промените во проектите;
• Да управуваат со организациски и социјални промени кои влијаат на проектите;
• Да ги проценат ризиците поврзани со проектот и успешно да управуваат со истите;
• Да учат од активностите при управување со проекти.
За кого е наменет семинарот?
Семинарот е наменет за сите кои на кој и да било начин се вклучени во управување со проектите и тоа членови на управното тело на организацијата, менаџери, раководители или проект менаџери, како и останати вработени кои се вклучени во во текот на целиот проектен тек од аплицирање и имплементација, или пак лица кои сакаат да го да го прошират своето знаење во управување или пак сакаат имаат специјализирани улоги во проектниот тим.
ПРОГРАМА
- Вовед во Стандардот ISO 21502:2020;
- Што значи управување со проекти?
- PMI методологија која е најчеста методологија за управување со проекти;
- ПРОЕКТ – ГРУПА НА ПРОЦЕСИ И ОБЛАСТИ НА ЗНАЕЊА;
- 5 ГРУПИ НА ПРОЦЕСИ
- Иницирање;
- Планирање;
- Реализација;
- Мониторинг и контрола;
- Затварање на проектот.
- 10 ОБЛАСТИ НА ЗНАЕЊА
- Менаџмент за интеграција;
- Управување со обемот на проектот;
- Управување со времето;
- Управување со трошоците;
- Управување со квалитетот;
- Управување со ресурсите;
- Комуникациски вештини;
- Управување со ризик;
- Управување со набавките;
- Менаџирање со заинтересираните страни.
- Практичен пример – План за добивање на услуга према PMI методологија и
- Како да се стекнете со меѓународно признаениот сертификат "PECB ISO 21502 Project Manager" кој ги валидира вашите професионални способности и покажува дека ги имате сите потребните знаења и вештини во управувањето со проекти врз базирано на насоките стандардот ISO 21502:2020.
Предавач:
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи, директор на PDCA KONSALTING, ДОО Нови Сад, водечки стручен консултант за проектирање и имплементација на ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; ISO/IEC 27001:2013; ISO 20000-1:2018; ISO 22301:2012; ISO 31000:2018; ISO 37001:2016, GDPR во повеќе организации во Србија, Црна Гора и БИХ, воедно и менаџер за проценка на ризик во работењето на основа на ISO 31000. Поседува 15 годишно искуство како директор на логистика во различни организации (Застава промет Сомбор – автомобилска индустрија), Генел – бренд Хаусел и застапник на Elektrolux, Zannusi, Indesit уреди за Србија, STAV – овластен дистрибутер Samsung за Србија и Црна Гора.
Работен јазик: српски
За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:
Линк за приклучување на обуката преку платформата Webex Cisko;
Електронски работен материјал;
Електронски сертификат за присуство на семинарот.
Рок за пријавување: 22.5.2023 година.