Стопанската комора на Северна Македонија на 29 мај (понеделник) 2023 година организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: EMPLOYEE ADVOCACY - КАКО ДО НАЈДОБРИ МАРКЕТИНГ РЕЗУЛТАТИ ЗАЕДНО СО ВАШИТЕ ВРАБОТЕНИ. Стандардната промоција на компаниите повеќе не е доволен репер за тоа дали една компанија е добар работодавец или не. Сите напори вложени во Employer Branding и промоција на брендот се недоволни доколку истовремено не се води активна Employee Advocacy програма каде самите вработени ги поддржуваат и поткрепуваат тврдењата кои компанијата сама ги пласира преку промотивните пораки. Employee Advocacy е пристап кој од вашите вработени создава амбасадори на вашата компанија. Преку разработени техники, тие се поттикнуваат и мотивираат да споделуваат за компанијата, давајќи поширока и порелевантна слика за работењето и достигнувањето на компанијата.
Интерактивниот семинар се фокусира на запознавање со Employee Advocacy како концепт, совладување на најпопуларните техники на поттикнување на advocacy и осознавање на причините за успех на компаниите кои имаат развиени Employee Advocacy системи.
Која е целта на семинарот:
Семинарот има за цел да ги запознае посетителите со овој начин на екстерна комуникација, да претстави методи и техники за нејзино поттикнување и да ги подготви посетителите самите да ги спроведуваат во склоп на нивните компании или организации.
За кого е наменет семинарот?
Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг и PR секторите во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација. Семинарот е на почетничко ниво – за посетители кои не се запознаени со тематиката или имаат само мало почетно знаење.
Начин на работа:
Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг и HR секторите во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација. Семинарот е на почетничко ниво – за посетители кои не се запознаени со тематиката или имаат само мало почетно знаење/искуство.
ПРОГРАМА
ПРВ ДЕЛ:
Запознавање со Employee Advocacy
- Дефинирање на термин;
- Дефинирање на потреба;
- Што може да добиете со воведување на Employee Advocacy – студии на случај.
ВТОР ДЕЛ:
Примена на Employee Advocacy
- Employee Advocacy тактики;
- Развивање на систем за Employee Advocacy во вашата компанија;
- Подготовка на Employee Advocacy за компанијата:
- Анализа и планирање;
- Дефинирање на цели;
- Изработка на водичи;
- Интерна едукација;
- Интерна организација;
- Следење и мерење на резултати.
ТРЕТ ДЕЛ:
Практична примена на презентираното:
- Анализа на онлајн присуство на бренд;
- Дефинирање на цели за Employee Advocacy;
- Изработка на 1 тактика за Employee Advocacy за компаниите на посетителите;
- Презентирање на сработеното.
- Прашања и коментари.
Предавач:
Ива Дујак e доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Партнер и креативен директор на маркетинг агенцијата Brand Union, каде е задолжена за стратешки развој и комуникација на бројни локални интернационални брендови. Автор на наградуваните блогови This is Not a Social Meda Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks Mk, со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот Факултет Скопје, Економски Факултет Штип, бројни невладини организации и академии.
За време на семинарот учесниците е потребно да бидат вклучени на лап топ или персонален компјутер за да можат да го следат истиот.
За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:
- Електронски работен материјал;
- Електронски сертификат за присуство на семинарот.
Рок за пријавување: 25.05.2023 година.