Семинар 11.04.2023 КОНТРОЛИНГ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ СО ОПТИМИЗАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ НА ЗАЛИХИТЕ

Стопанска комора на С.Македонија



Стопанската комора на Северна Македонија на 11 април 2023 година (вторник) организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: КОНТРОЛИНГ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ СО ОПТИМИЗАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ НА ЗАЛИХИТЕ. Контролингот ги обединува сите процеси од работењето на компанијата, преку него менаџментот може да добие квалитетни информации за сите активности на компанијата и врз основа на истите да креира деловни одлуки кои го унапредуваат работењето.    
Цел на семинарот:    
Запознавање на учесниците на семинарот со:
•    Менаџмент на магацинското работење со фокус на оптимизација на залихите;
•    Учесниците во магацинското работење - добавувач, интерни сектори - набавка, продажба, магацин, купувач;
•    Интерна комуникација во организацијата – набака & магацин, продажба & магацин;
•    Комуникација со добавувачите; 
•    Приоритети на магацинското работење;
•    Оценување на добавувачите – критериум за оцена;
•    Студија на случај со вежби.
 За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во управување на процесите на набавка – раководители на набавката, менаџери на набавка, како и оние чии работни задачи вклучуваат логистика во организацијата (организирање на набавките, магацинско работење, транспорт и сл.).
ПРОГРАМА
1.    Стратегија

  • Усогласување на политиката на магацинско работење со стратегијата на компанијата;
  • Имплементација на метриката во магацинското работење;
  • Balanced Score Card и магацинско работење.

2.    Мерење на ефикасност во магацинското работење

  • Клучни индикатори во магацинското работење (KPI);
  • SMART методологија;
  • Примери на клучни индикатори во магацинското работење.

3.    Трошоци во набавката

  • Анализа во магацинското работење и ажурност на залихите;
  • Контролинг на набавката;
  • Методи за ефикасна набавка и контрола на залихите.    

Предавач: 
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи,  директор на PDCA KONSALTING, ДОО Нови Сад, водечки стручен консултант за проектирање и имплементација на ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; ISO/IEC 27001:2013; ISO 20000-1:2018; ISO 22301:2012; ISO 31000:2018; ISO 37001:2016, GDPR во повеќе организации во Србија, Црна Гора и БИХ, воедно и менаџер за проценка на ризик во работењето на основа на ISO 31000. Поседува 15 годишно искуство како директор на логистика во различни организации (Застава промет Сомбор – автомобилска индустрија), Генел – бренд Хаусел и застапник на Elektrolux, Zannusi, Indesit уреди за Србија, STAV – овластен дистрибутер Samsung за Србија и Црна Гора.

Работен јазик: српски

За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:

- Линк за приклучување на обуката преку платформата Webex Cisko;
- Електронски работен материјал; 
- Електронски сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 07.4.2023 година.
 

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 15.06.2023
ЛИДЕРСКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИВНИ ТИМОВИ
Семинар, 16.06.2023
ВНАТРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ, ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОДУКТИВНИ И ЕФИКАСНИ СОСТАНОЦИ И РЕШАВАЊЕ КОНФЛИКТИ
Семинар, 20.06.2023
ПРЕДИЗВИЦИ И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ВОВЕДУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА, НЕЈЗИНО НОВО ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ ПРЕКУ ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗРО И НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОИСКОРИСТУВАЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР ДО 30-ти ЈУНИ
Семинар, 20.06.2023
ЕКСЕЛ ЗА ФИНАНСИИ И ИНВЕСТИЦИИ
Семинар, 22.06.2023
ПРОМОЦИЈА НА СОПСТВЕН БРЕНД НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: (FACEBOOK,VIBER, INSTAGRAM, TWITTER, SNAPCHAT)
Семинар, 23.06.2023
РАЗВОЈ И ПРИМЕНА НА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Семинар, 27.06.2023
EXCEL SALES’ DATA ANALYSIS-ДАТА АНАЛИЗА НА ПРОДАЖБА
Семинар, 27.06.2023
УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ
Саем, 06.07.2023
Учество во купувачка мисија и посета на: 16. Меѓународен саем за преработка на храна и технологии во прехранбената индустрија „FOTEG ISTANBUL 2023“