Законот за заштита на личните податоци нуди заштита на личните податоци на сите физички лица чии што лични податоци една компанија ги обработува. Помислата секогаш не води кон заштитата на личните податоци на нашите клиенти, соработници, посетители, итн., но тука спаѓаат и личните податоци на нашите вработени. Како вработените лица се однесуваат во улогата на субјекти на лични податоци, а како работодавачите да се однесуваат како контролори?
За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија на 6 април 2023 година (четврток), организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, согласно (Законот за заштита на личните податоци, „Сл. весник на РСМ, бр. 42 од 16.02.2020 година”).
На оваа обука, посетителите ќе се стекнат со знаење за тоа како работодавачите-контролори треба да го постават системот за заштита на личните податоци кој ќе ги опфаќа и личните податоци на своите вработени. Кои лични податоци смеат да ги обработуваат, во колкав обем, врз база на кој законски основ, колку време смеат да ги чуваат и слично. Дали можат да се потпрат на согласноста во работните односи? Како да им овозможат на своите вработени да си ги остваруваат своите права како субјекти на лични податоци? Како да се постават во однос на кандидатите за вработување? После оваа обука, слушателите ќе се стекнат со конкретни знаења за обработката на личните податоци на вработените и каниддатите за вработување.
Предавач:
- Мартин Лазаревски, ISO27001 Lead Auditor – консултант за заштита на лични податоци во Инфиго ИС.
ПРОГРАМА:
- Закон за заштита на личните податоци;
- Закон за работни односи;
- Правилник за безбедност на обработката на личните податоци;
- Прекршочни одредби кои произлегуваат од Законот и мерки кои произлегуваат од инспекцискиот надзор.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 3 април 2023 година.
За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:
- Линк за приклучување на обуката преку платформата Webex Cisko;
- Електронски работен материјал;
- Електронски сертификат за присуство на семинарот.
Во прилог: Пријавен лист и Агенда.