Семинар 27.04.2023 ДЕФИНИЦИЈА, СОДРЖИНА И ВИДОВИ НА ТУЖБА, ДОКАЗИ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА, УПОТРЕБА НА ВЕШТАЧЕЊЕ КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ И НИВНИТЕ ПОЈАВНИ ОБЛИЦИ, ПРОЦЕСНИ ПРАВИЛА СУШТИНСКИ ЗА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ

Стопанска комора на С.Македонија



Во организација Стопанската комора на Северна Македонија, за потребите на бизнис заедницата, на 27 април 2023 година (четврток) ќе се организира еднодневен  семинар на тема: ДЕФИНИЦИЈА, СОДРЖИНА И ВИДОВИ НА ТУЖБА, ДОКАЗИ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА,  УПОТРЕБА НА ВЕШТАЧЕЊЕ КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ И НИВНИТЕ ПОЈАВНИ ОБЛИЦИ, ПРОЦЕСНИ ПРАВИЛА СУШТИНСКИ ЗА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ, ПОСТАПКА ПО РЕДОВНИ И ВОНРЕДНИ ПРАВНИ ЛЕКОВИ.

Организираност и придобивки од семинарот:

Овој еднодневен семинар е организиран по принцип на тренинг-обука, со цел  учесниците низ предавања и практични примери од пракса да се стекнат со нови и да ги унапредат постојните знаења во областа на општиот процесен дел од Законот за парничната постапка и работните спорови, како и да се запознаат со конкретни предизвици кои се јавуваат низ секојдневното практицирање на одредбите од Законот, употребата на вештачење како доказ низ содржината на член 235 од Законот за парничната постапка, изведување на супервештачење како доказ во постапката, како и со особености на работните спорови во нивните појавни облици, повреда на работниот ред и дисциплина и работните обврски на работникот, и негова одговорност според одредбите на Законот за работните односи и Законот за административни службеници.

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби, адвокатите и правни практичари кои се инволвирани во судски постапки поврзани со сите области на граѓанското право, со посебен акцент на работните спорови, менаџери во компаниите, управители на друштва, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го усовршат и надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните спорови, како и да се запознаат со измените извршени во 2015 година на Законот за парничната постапка и предлог Законот за парничната постапка кој е предвидено да биде изгласан во Собранието на Република Северна Македонија, низ призма на искуството на двајца правни практичари.

ПРОГРАМА:

Прв дел:

-    Дефиниција на тужба, содржина и задолжителни податоци при поднесување на тужба предвидени со член 98 од Законот за парничната постапка (ЗПП);
-    Видови на тужби;
-    Правен интерес за поднесување тужба;
-    Вештачење како доказ во парничната постапка;
-    Процесни претпоставки за изведување на супервештачење како доказ во постапката;
-    Особености на предвидените решенија во предложениот текст на Законот за парничната постапка кои се однесуваат на вештачењето како доказ во постапката;
-    Карактеристични тужбени петитуми со релевантна судска пракса.

Втор дел:

-    Работен спор и неговите појавни облици;
-    Процесни правила од ЗПП кои се од суштинско значење за работните спорови;
-    Кршење на работниот ред и дисциплина и работните обврски од страна на работникот и дозволени дејствија на работодавецот предвидени со Законот за работните односи; дисциплинска одговорност на работникот предвидена со Законот за административни службеници;
-    Жалбена постапка и постапка во вонредни правни лекови во работните спорови;
-    Постапување по извршни судски одлуки.

Предавачи:

-    М-р Андреј Димовски, судија во Основен Граѓански суд Скопје. Прв национален судија со остварен продолжен работен престој во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур 2019/2020 година. Продлабочено познавање на судската практика на ЕСЧП во врска со апликација на бројни членови и прашања поврзани со примена на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. 11-годишно искуство како национален судија во областа на граѓанското право, со потесна специјализација во областа на договорното право, правото на надомест на штета (деликтна одговорност, објективна одговорност, граѓанска одговорност за навреда и клевета, надомест на штета од неоправдана осуда и незаконито лишување од слобода), правото на сопственост во сите појавни облици, наследното право. Екстензивно искуство во јавно говорење пред домашен и меѓународен аудиториум. Овластен ментор и предавач на кандидати на почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје. Магистер на науки - фокусиран во областа на финансии и финансиско право. Член на повеќе меѓународни организации за соработка од областа на правото и заштита и унапредување на човековите права и основни слободи.

-    М-р Драган Лазаров, адвокат – партнер во Адвокатска канцеларија Лазаров од Скопје. Магистер по деловно право на Правниот факултет УКИМ. Работи на граѓанско-правна материја од областа на трговско и деловно право, инвестиции, недвижности, финансово право, трудово право и работни односи. Во својата пракса работи претежно со фирми од државата и странство и има широко практично искуство во деловното работење на трговските друштва. Неговото професионално портфолио опфаќа едни од најголемите домашни и странски инвестиции, како и трансакции.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-    работен материјал доставен електронски; 
-    ручeк и освежување; 
-    сертификат за присуство на семинарот.     

Последен рок за пријавување е 24.4.2023 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 15.06.2023
ЛИДЕРСКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИВНИ ТИМОВИ
Семинар, 16.06.2023
ВНАТРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ, ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОДУКТИВНИ И ЕФИКАСНИ СОСТАНОЦИ И РЕШАВАЊЕ КОНФЛИКТИ
Семинар, 20.06.2023
ПРЕДИЗВИЦИ И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ВОВЕДУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА, НЕЈЗИНО НОВО ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ ПРЕКУ ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗРО И НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОИСКОРИСТУВАЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР ДО 30-ти ЈУНИ
Семинар, 20.06.2023
ЕКСЕЛ ЗА ФИНАНСИИ И ИНВЕСТИЦИИ
Семинар, 22.06.2023
ПРОМОЦИЈА НА СОПСТВЕН БРЕНД НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: (FACEBOOK,VIBER, INSTAGRAM, TWITTER, SNAPCHAT)
Семинар, 23.06.2023
РАЗВОЈ И ПРИМЕНА НА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Семинар, 27.06.2023
EXCEL SALES’ DATA ANALYSIS-ДАТА АНАЛИЗА НА ПРОДАЖБА
Семинар, 27.06.2023
УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ
Саем, 06.07.2023
Учество во купувачка мисија и посета на: 16. Меѓународен саем за преработка на храна и технологии во прехранбената индустрија „FOTEG ISTANBUL 2023“