Семинар 25.04.2023 Бесплатно предавање на тема:   ПРЕДИЗВИЦИ И ИЗНАОЃАЊЕ НОВИ АЛАТКИ И МОЖНОСТИ ЗА ПОДДРШКА НА ФИРМИТЕ-РАНИ ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАСТАНУВАЊЕ НА ИНСОЛВЕНТНОСТ И КОРИСТЕЊЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА ВО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ

 Регионална Комора Кичево



       Стопанската комора на Северна Македонија продолжува со организација на бесплатните предавања за компаниите со цел поголема популаризација и афирмација на предностите од користењето на медијацијата во нашата држава. Во услови на нарушена ликвидност на компаниите, а со цел рационализација на нивните трошоци, зачувување на добрите деловни односи со партнерите и поголема предвидливост на настаните во следниот период, како една од најповолните алатки за решавање на сегашен или иден спор на компаниите, особено се препорачува користењето на медијацијата. Стопанската комора на Северна Македонија, за популаризација и афирмација на медијацијата, институционално е поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка. Бесплатните предавања за бизнис заедницата ќе продолжат да се реализираат на 25, 26 и 27 април 2023 година во Кичево, Скопје и Битола.
    Во тој контекст, првото бесплатно предавање на Стопанската комора на Северна Македонија и на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) на тема: Предизвици и изнаоѓање нови алатки и можности за поддршка на фирмите-рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност и користење на медијацијата во решавање на стопанските спорови, ќе се одржи во Регионалната комора со седиште во Кичево на 25 април 2023 година (вторник) од 11.00 до 13.30 часот (Кузман Јосифовски Питу бб, Кичево). 

Предавачи:

-    Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, Потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Национален координатор за медијација и
-    Дејан Костовски, правен консултант во проектот на Меѓународна Финансиска Корпорација, групација на Светска Банка – „ Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија“.


ЦЕЛНА ГРУПА: менаџери на компании, раководители на правен сектор, раководители на финансиски сектор, раководители на сектор за човечки ресурси и останати занитересирани кои сакаат да се запознаат со дадената проблематика која е тема на предавањето.

Учеството на предавањето е бесплатно и задолжително е пријавување за настанот најдоцна до 19 април 2023 година, со цел професинална организација на настанот.
Контакт лице за пријавување: Дијана Лазороска Јованоска, тел. 078 255 706, 
e-mail:dijana@mchamber.mk

      
Во Прилог Ви доставуваме Агенда.

Агенда на настанот

Контакт лица:

Дијана Лазороска
++ 389 45 257067


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 15.06.2023
ЛИДЕРСКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИВНИ ТИМОВИ
Семинар, 16.06.2023
ВНАТРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ, ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОДУКТИВНИ И ЕФИКАСНИ СОСТАНОЦИ И РЕШАВАЊЕ КОНФЛИКТИ
Семинар, 20.06.2023
ПРЕДИЗВИЦИ И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ВОВЕДУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА, НЕЈЗИНО НОВО ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ ПРЕКУ ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗРО И НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОИСКОРИСТУВАЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР ДО 30-ти ЈУНИ
Семинар, 20.06.2023
ЕКСЕЛ ЗА ФИНАНСИИ И ИНВЕСТИЦИИ
Семинар, 22.06.2023
ПРОМОЦИЈА НА СОПСТВЕН БРЕНД НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: (FACEBOOK,VIBER, INSTAGRAM, TWITTER, SNAPCHAT)
Семинар, 23.06.2023
РАЗВОЈ И ПРИМЕНА НА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Семинар, 27.06.2023
EXCEL SALES’ DATA ANALYSIS-ДАТА АНАЛИЗА НА ПРОДАЖБА
Семинар, 27.06.2023
УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ
Саем, 06.07.2023
Учество во купувачка мисија и посета на: 16. Меѓународен саем за преработка на храна и технологии во прехранбената индустрија „FOTEG ISTANBUL 2023“