Стопанската комора на Северна Македонија, на 31 март 2023 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Права, обврски и превенција од изрекување на инспекциски мерки кај субјекти при спроведувањето на инспекциски надзор поврзани со водење евиденција и прием на органските производи увезени од други земји“.
Оваа онлајн работилница својот фокус ќе го стави на две клучни прашања.
Прво, сеопфатно ќе се обработат правата и обврските на субјектите при спроведување на инспекцики надзор, како и задолжително водење евиденција на за производството, подготовката, пуштањето во промет, увозот и извозот на органски производи, и ќе се дискутира за предлози за подобрување на делот за измени на законските обврски.
Второ, врз основа на податоците од извршени инспекциски надзори и утврдени неусогласености ќе се дискутира за обврските на субјектите при прием на органските производи увезени од други земји и докажување на сообразноста на увезените производи со одредбите и прописите донесени врз основа на Законот за органско земјоделско производство
Онлајн-Работилницата ќе има интерактивен пристап со објаснувања и примери.
ПРОГРАМА
I. ПРАВА, ОБВРСКИ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИЗРЕКУВАЊЕ НА ГЛОБИ НА СУБЈЕКТЕ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
- Запознавање на учесниците со правата како субјект на инспекциски надзор;
- Запознавање на учесниците со обврска како субјект на инспекциски надзор.
Закон за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 102/2009)
II. ОБВРСКИ НА КОНТРОЛНО/СЕРТИФИКАЦИСКО ТЕЛО И СУБЈЕКТИТЕ ВО ЗАКОН ЗА ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО
- Обврска за субјектите да водат и чуваат евиденцијата за производството, подготовката, пуштањето во промет, увозот и извозот на органски производи, како и за извршените контроли;
- Субјект кој произведува, подготвува, складира, увезува или пушта во промет органски производи или производи во преод, пред пуштањето во промет на секој производ го известува контолното/сертификациско тело за својата активност кога таа активност се извршува. Кога субјектот ангажира трета страна за некоја од активностите и субјектот и активностите на поддоговарачот се предмет на контрола;
Правилник за формата, содржината и образецот на сертификатите дека производот, процесот на производство, подготовката или пуштањето во промет на истиот е во согласност со правилата и постапките утврдени со закон, како и на евиденцијата која ја водат субјектите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2019).
III. ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ ОД ДРУГИ ЗЕМЈИ
- Органските производи увезени од други земји .
IV. СЕРТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ ОД УВОЗ
- Обврски на субјектот за докажување на сообразноста на увезените производи со одредбите и прописите донесени врз основа на овој закон;
- Субјектот кој увезува производи со органско потекло не смее да ги пушти во промет производите за кои контролното/сертификациско тело нема издадено сертификат за сообразност на производство на органски производи со земјата увозник;
Правилник за формата, содржината и образецот на сертификатот за сообразност на производство на органски производи со земјата увозник, како и начинот на издавањето и пропратната документација која ја придружува пратката со производи со органско потекло („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2019).
V. УТВРДУВАЊЕ НА НЕПРАВИЛНОСТИ И ИЗРЕКУВАЊЕ ИНСПЕКЦИСКИ МЕРКИ И ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ КАЈ СУБЈЕКТИ
- Изрекување инспекциски мерки;
- Изрекување прекршочни санкции.
Закон за прекршоците („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2019).
Закон за органско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 146/2009, 53/2011, 149/2015, 39/2016 и 132/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/2021);
Предавач:
- д-р Мери Петреска, вработена во Државен инспекторат за земјоделство, како Виш Државен инспектор за земјоделство – раководител на Одделение за инспекциски надзор од областа на органското производство, обучувач на интерактивни обуки, ментор, предавач, со особен фокус на прекршочна постапка право и законски прописи во областа земјоделие и нивна надлежност.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 28.03.2023 година.