Целта на ова предавање е да се презентираат новините кои доѓаат со донесување на новиот Правилник за означување на потрошувачката со енергија и другите ресурси за производите што користат енергија, кој е во финална нацрт верзија. Новиот Правилник е целосно усогласен со Регулативата (ЕУ) бр. 2017/1369 на Европскиот Парламент и на Советот од 4 јули 2017 година за утврдување на рамка за означување на потрошувачката на енергија и со соодветните делегирани Регулативи за одделните видови на производи кои користат енергија и се предмет на означување. Во нашата земја веќе постои на сила Правилник за означување на потрошувачката со енергија па исто така компарација помеѓу двата правилника е неопходна.
На почетокот предавањето се фокусира на законската основа и потребата за донесување на ваков правилник за означување на потрошувачката со енергија, што во суштина претставува означувањето и како се применува. Дополнително се разгледува кои производи се предмет на означување и начинот на кој се означуваат производите.
Предавањето ќе продолжи со компаративна анализа помеѓу постоечкиот правилник за означување на потрошувачката со енергија и другите ресурси за производите што користат енергија и новиот, кои се новитетите со правилникот и што би значело тоа во пракса за сите засегнати страни, како на пример дистрибутерите, продавачите и купувачите.
За крај на ова предавање ќе дадеме осврт на начинот на определување на карактеристиките на производите во согласност со правилникот.
Ова предавање е наменето за претставници на компании кои се дел од пазарот за производи кои користат енергија како и за сите кои што сакаат да дознаат повеќе за начинот на означување на производите кои користат енергија и тргувањето со истите.
ПРОГРАМА
I. ПРВ ДЕЛ:
- Преглед на новините во Правилникот за означување:
o Означување на потрошувачката на енергија и другите ресурси;
o Производи кои се предмет на означување.
II. ВТОР ДЕЛ:
- Компаративна анализа помеѓу постоечкиот правилник и новите измени:
o Промени во начинот на означување на производите кои користат енергија.
ТРЕТ ДЕЛ:
- Определување на карактеристиките на производите.
Предавачи:
- Катерина Билбилоска е магистер по електротехника и информациски технологии во областа на енеретските системи. Има неколку годишно работно искуство во Министерство за економија сектор за енергетика, за прашањата поврзани со енергетска ефикасност.
- Магдалена Даскалова е дипломиран економист. Има повеќе годишно работно искуство во Министерството за економија, сектор за енергетика за прашања поврзани со обновливи извори на енергија.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
• упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;
• материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 29.3.2023 година.