Целта на обуката е да прикаже како се креираат динамички финансиски модели, кои опфаќаат три меѓусебно поврзани финансиски извештаи: биланс на успех, биланс на состојба и извештај за парични текови.
Динамичките финансиски модели се користат за финансиско планирање, вреднување на инвестициони проекти, вреднување на компании (со користење на DCF – discounted cash flow модели), спојувања и припојувања (M&A), левериџирани превземања (LBOs), како и финансиски анализи (сценарио анализа, анализа на чувствителноста) и сл.
За таа цел се користи екселот, кој е извонредна алатка за планирање и предвидување на идните финансиски текови прикажани преку плански финансиски извештаи. Со него може да се изготват динамички, меѓусебно линкувани финансиски извештаи, кои резултираат со детален преглед на идните парични текови.
Станува збор за обука со која се создава софтвер за финански извештаи. Изработката на динамичките финансиски модели не е алтернатива, туку базична потреба за секоја “start-up”, но и зрела компанија. Истите опфаќаат актуелни парични текови и финанско предвидување.
Целта на обуката е да се креира комплетен документ (софтвер) за идните финансиски извештаи на компанијата, од кои јасно може да се согледа идното работење на компанијата. Ова е особено важно за анализа на профитабилноста на идеата за отворање на нов бизнис.
Овој семинар обезбедува рамка за разбирање на процесот на финансиско предвидување, контрола и буџетирањето, со користење на напредни Ексел алатки – во функција на создавање на информациски систем за финансиско предвидување, планирање и контрола.
Овој онлајн семинар ќе ви помогне во донесувањето на вистински деловни одлуки.
ЦЕЛИ :
Слушателите на обуката да се стекнат со следните знаења и вештини:
- Организирање и креирање на биланс на успех со користење на одредени плански претпоставки;
- Креирање детални планови за подготовка на динамички модел и комплексни позиции,
како што се капиталните расходи (CapEx) и амортизацијата на фиксните средства;
- Креирање на динамички биланс на состојба;
- Креирање на извештај за парични текови и меѓусебно поврзување на извештаите;
- Објаснување на трите финансиски извештаи и нивните клучни позиции;
- Објаснување на видовите претпоставки кои се неопходни за развој на
динамичкиот модел и подготовка на финансиските предвидувања за идните години;
- Користење на алатки во Ексел за подготовка на динамичкиот финансиски модел;
- Финансиско моделирање со Ексел – Анализа на сензитивноста и Сценарио анализи.
АГЕНДА:
- ПРАКТИЧНА РАБОТА – ИЗРАБОТКА НА БИЛАНС НА УСПЕХ, БАЗИРАН НА СЕТ ОД ПРЕТПОСТАВКИ;
- ПРАКТИЧНА РАБОТА – КАЛКУЛАЦИЈА НА КАПИТАЛНИТЕ РАСХОДИ И АМОРТИЗАЦИЈАТА;
- ПРАКТИЧНА РАБОТА – ИЗРАБОТКА НА ДИНАМИЧКИ БИЛАНС НА СОСТОЈБА;
- ПРАКТИЧНА РАБОТА – ИЗРАБОТКА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ;
- ПРАКТИЧНА РАБОТА - КОРИСТЕЊЕ НА ЕКСЕЛ АЛАТКИ ЗА ПОДГОТОВКА
НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ (ФОРМАТИРАЊЕ, ФОРМУЛИ, ПРАВИЛА);
- GOAL SEEK;
- SENSITIVITY ANALYSIS – DATA TABLES;
- SCENARIO ANALYSIS – CHOOSE FUNCTION.
ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:
Претприемачи (потенцијални и тековни), менаџери, управители, лица од областа на финансиското работење, сметководството, финансиското известување, лица кои имаат потреба да ги препознаваат информациите и пораките кои се носат во нивните финансиски извештаи, вработени во банки и други финансиски институции. Истата особено е корисна за менаџерските позиции управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.
Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн семинарот;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 20.3.2023 година.