Целта на „онлајн“ семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на работните задачи и активности на деловниот асистент во процесите на архивското и канцелариското работење. Деловниот асистент уште е наречен администратор и има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат повеќе вештини и карактеристики кои мора да ги поседува за да може успешно да одговори на работните обврски. Деловниот асистент е потребно да има знаење од повеќе сегменти на работењето на компанијата и од него се бара да има развиено силно чувство на организираност како и да поседува голем број на тврди и меки вештини.
Програма на семинарот:
Модул 1 -Деловни вештини и улога на деловен асиситент:
- Запознавање со позицијата деловен асистент и негова важност;
- Вештини и карактеристики на деловен асистент;
- Трендови на деловна асистенција.
Модул 2 – Обврски од област на човечки ресурси:
- Комуникација со клиенти и вработени;
- Управување со стрес и конфликти;
- Справување со тешки и агресивни клиенти;
- Управување со време;
- Деловна кореспонденција (усна и писмена);
- Себемотивација и мотивација на тим.
Модул 3 -Општи и правни работи:
- Договори за вработување (основни елементи, содржина, форма);
- Раскинување на договор за работа;
- Пријавување и одјавување од задолжително социјално осигурување (М1/М2);
- Решение за годишен одмор.
Модул 4 -Организација на работното место и деловна етика:
- Организација на работен простор;
- Организација на состаноци и настани;
- Водење записник;
- Деловна тајна и на што се однесува;
- Професионална тајна и на кого се однесува;
- Кодекс на облекување (Business casual и Business formal).
Модул 5 - Водење на сопствена структура во канцелариското и архивското работење:
- Прегледување и распоредување на документи/записи;
- Заведување на документот/записот;
- Доставување на документот/записот во работа;
- Административно-техничко обработување на документот/записот, испраќање на документот/записот;
- Разведување и класифицирање на документот/записот;
- Одлагање на решени документи/записи во писарницата;
- Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;
- Категоризација на архивскиот материјал;
- Попишување на документарниот материјал - изминат рокот за чување;
- Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот материјал во соодветен простор и стандардна опрема.
Модул 6 - Проток на документи во компанијата:
- Сортирање во документи и записи (регистри за документацијата);
- Управување (чување и складирање) на документацијата во
својата канцаларија и во канцеларијата на генералниот директор;
- Квалитативно управување на домашните дописи и странските дописи
за потребите на компанијата;
- Чување на документи/записи во изворен облик во кој се креирани,
испратени, примени и архивирани, облик со кој изворната содржината не се менува;
- Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа;
- Упатство за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.
Целна група:
Семинарот е наменет за извршни асистенти и раководители кои се дел од процесот на планирање на човечки и технички ресурси, директори/раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите за архивско и канцелариско работење како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот за архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење на е-деловодник).
Предавачи:
-м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и
-м-р Сањица Србиновска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Легаси ДООЕЛ“ со над 10-годишно искуство во делот на продажба, мотивација и деловна кореспонденција.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн работилницата и
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 20.03.2023 година.