П О К А Н А ЗА ИНФО СЕСИЈА
за програмата Акцелератор на Европскиот совет за иновации,
наменета за стартапи и мали и средни претпријатија (со физичко присуство)
22 март 2023 година,
во Трговско-индустриската комора на Србија во Белград
Европскиот совет за иновации и Извршната агенција за мали и средни претпријатија (ЕИСМЕА), со поддршка на Европската мрежа за претприемништво од Југоисточна Европа (ЈИЕ), организираат Инфо ден посветен на програмата Акцелератор, еден од инструментите на Европскиот совет за иновации, кој ќе се одржи на 22.03.2023 година, во Трговско-индустриската комора на Србија, соба 1, Ресавска бр. 13-15, Белград.
На Инфо сесијата ќе биде претставена програмата на Европскиот совет за иновации наменет за стартапи и мали и средни претпријатија од регионот на ЈИЕ за развој и подобрување на револуционерните иновации, кои имаат потенцијал да создадат нови пазари или да доведат до промени на постоечките. EIC обезбедува поддршка преку комбинација на грантови и капитални инвестиции.
Зошто да учествувате?
Имате можност да дознаете повеќе информации за и околу
- видовите на поддршка обезбедени од EIC,
- за различните извори на финансирање достапни за бизнисите во регионот на ЈИЕ,
- да добивате корисни совети за процесот на аплицирање директно од експерти на EIC,
- да разменете искуства со успешни грантисти на EIC од регионот на ЈИЕ,
- да дознаете повеќе за техниката на поставување вмрежување и многу повеќе во рамките на настанот на Европскиот совет за иновации на Информативниот ден во Србија.
Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.
Контакт лице од Стопанската комора на Србија:
Katarina Momčilović Matić
Senior Advisor in the EU Integration Centre
P: +381 11 41 49 448
М: +381 66 875 1039 | F: +381 11 32 30 949
Е: katarina.momcilovic@pks.rs | eu@pks.rs|een@pks.rs
Resavska 15 | 11000 Beograd | pks.rs
|
