Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со овогодинешниот официјален ко-организарот и промотер, КОЛЕНКО, Ве покануваат да земете учество на претстојниот, четврти по ред Самит на енергетска иднина „СЕТ Требиње 2023“ под слоганот „Енергетска стабилност на Западен Балкан“, кој ќе се одржи во периодот од 22 до 24 март 2023 година во Центарот за култура во Требиње (ул. Trg palih boraca 1).
Компанија КОЛЕНКО, долгогодишна членка на Комората, е германска консултантска компанија со специфичен делокруг на активности и експертска покриеност на национални и интернационални проекти од областа на енергетиката и инфраструктурата. По долгодишно активно учество на самитот, оваа година, Коленко е во улога на официјален ко-организатор на настанот поддржувајќи ја мисијата да се постигне подобра поврзаност меѓу економијата, политиката и науката, со фокус на енергетската иднина и енергетската безбедност на земјите од Западен Балкан.
Зголемениот удел на производството на електрична енергија од обновливи извори и во исто време нивното влијание врз електроенергетскиот систем, поставуваат зголемени барања за забрзан развој на самиот систем. Во исто време, поради зголеменото децентрализирано производство на електрична енергија во непосредна близина на потрошувачите или кај самите потрошувачи, на добавувачите им станува тешко да ја задоволат постојано променливата понуда и побарувачка.
Токму во таа насока, концептите и техничките решенија како што се складирање на енергија, микромрежи, прилагодување на побарувачката и мерки за енергетска ефикасност сè повеќе стануваат неопходни.
Учесниците на Самитот во текот на трите дена ќе имаат можност да слушнат одговори на клучните прашања за енергетската иднина од речиси 40 водечки лидери во електроиндустријата од земјите од регионот, кои ќе учествуваат на осум засебни панели.
Во работниот дел на Самитот се вклучени буквално сите релевантни претставници на енергетскиот сектор во регионот, водечки луѓе на домашни компании и институции од индустријата, бизнис лидери и креатори на енергетските политики како и врвни домашни и меѓународни експерти од областа на енергетиката.
На панелите ќе се разговара за теми важни за развојот на енергетскиот сектор и усогласеноста на законодавството во земјите од регионот во оваа област со директивите на ЕУ, енергетската политика и процесот на интеграција.
За времетраење на самиот домашните претставници ќе имаат можност да остварат и директни средби со компании и претставници од институции од регионот.
Подетални информации околу условите за учество, агендата, висината на котизацијата, како и регистрацијата за учество на Самитот, можете да најдете на следниот линк: https://setrebinje.com/prijava-za-samit/.
Регистрацијата се врши on-line со внесување на лични податоци на учесникот, по што секој учесник засебно, по електронски пат ќе добие дигитален билет за учество. Билетот е задолжителен за влез на самиот настан. Пријавувањето за учество е отворено до 15 март во 2023 година.
Контакт лица за настанот: