Почитувани,
Ни претставува голема чест и задоволство да ве поканиме на Македонско-словенечкиот Економски Форум кој ќе се одржи на 14.12.2022 во DoubleTree by Hilton во Скопје .
На настанот, кој е по повод 30 години успешна соработка помеѓу Словенија и Северна Македонија и е во организација на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици, Стопанската Комора на Северна Македонија и СПИРИТ Словенија со поддршка на Амбасадата на Република Словенија, ќе присуствува и делегација на стопанственици од Словенија во организација на Стопанска и индустриска Комора на Словенија (Gospodarska Zbornica Slovenije), а предводени од Министерот за стопански развој и технологија на Република Словенија, г-динот Матјаж Хан, кој ќе учествува на панел дискусија на настанот заедно со Министерот за економија на Република Северна Македонија, г-дин Крешник Бектеши.
Во прилог се поканата со кратка агенда на настанот како и листата на компании од Словенија.
Ве молиме потврдете го учеството на настанот за секој учесник посебно на следниот линк: ПРИЈАВА .
Можност за пријавување и координација на Б2Б средби, Ве молиме пратете преку е-маил: contact@dsms.mk