Семинар 21.12.2022 УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО РЕГУЛАТИВАТА ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗАРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ

Онлајн семинар



Стопанската комора на Северна Македонија, на 21 декември 2022 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Управување со ризик за усогласеност со регулативата за работни односи заради избегнување прекршочна одговорност“. 
Во рамки на работилницата ќе се разговара за добро разбирање на регулативата поврзана со работните односи од аспект на најчестите прекршоци кои произлегуват од управувањето со работното време и начините како превентивно да се делува со цел истите да се избегнат и со тоа, ефективно да се намалат ризиците во работењето. Оттука, сеопфатно ќе се обработи темата за управување со работното време како еден од предусловите за успешно водење на деловниот потфат. 
Ќе се дискутира пред сé за потребата од преземање формални чекори поврзани со работното време, како што се негово регистрирање и потоа и определување за секој вработен поединечно преку негово предвидување во договорот за вработување. Дополнително, ќе се анализира обврската за евиденција на работното време.
Потоа, ќе се разгледа прекувремената работа и ноќната работа, условите кога може да се воведат, нивното исплаќање и останатите обврски за работодавачот, а ќе се објаснати и институтите прераспределба и распоредување на работно време.
Детално ќе се објаснат специфичностите на годишниот одмор и ќе се разрешат некои од најчестите дилеми кои сé уште креираат нееднакво постапување во пракса.
Ќе се потенцира значењето на правилниците во работењето како начин на менаџирање со ризиците и постигнување максимална усогласеност со законската регулатива во оваа сфера.
Работилницата ќе има интерактивен пристап.

  -ПРОГРАМА-

I.    ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РАБОТНО ВРЕМЕ И ЕВИДЕНЦИЈА
-    Обврска за регистрирање на работно време во ЦРМ;
-    Задолжителен содржински елемент на договорите за вработување;
-    Субјекти кои задолжително мора да водат електронска евиденција.

II.    ОДМОРИ
-    Дневен и неделен одмор;
-    Годишен одмор (Определување за секој вработен одделно, стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор, користење годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор);
-    Правилник за годишен одмор.

III.    ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА
-    Поим и основи за воведување на прекувремена работа;
-    Времетраење на прекувремената работа;
-    Бонус за прекувремени часови;
-    Евиденција на прекувремена работа и известување до инспекторатот.

IV.    РАБОТА НОЌЕ
-    Додаток на плата за прекувремена работа;
-    Посебна заштита на работниците кои работат ноќе;
-    Обврски на работодавачот при работа ноќе.

V.    ПРЕРАСПРЕДЕЛБА НА РАБОТНО ВРЕМЕ
-    Поим и начин на прераспределување на работното време;
-    Разлика помеѓу прераспределено работно време и прекувремена работа;
-    Исклучоци од можноста за прераспределба на работното време.

VI.    РАСПОРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНО ВРЕМЕ
-    Распоредување и услови за времено прераспоредување на работното време;
-    Неопходност од писмено известување до работникот;
-    Услови за спроведување на распоредување и времено прераспоредување на работното време.

VII.   ПОСЛЕДИЦИ ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА РАБОТНО ВРЕМЕ
         И ОДМОРИТЕ И ПРЕКРШОЧНИ ГЛОБИ

-    Последици за работникот;
-    Последици за работодавачот;
-    Прекршочна одговорност и глоби.

VIII.  ОБЛАСТИ КОИ СЕ РЕГУЛИРААТ СО ПРАВИЛНИЦИ
      Предавач: 
-    Викторија Спасовска - Симоноска, Адвокат и предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Инструкции за приклучување на онлајн-работилницата;
-    Е-сертификат и
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 19.12.2022 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015