Целта на „онлајн“ семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на начинот на мотивација за работа, развивање и одржување на позитивна атмосфера, поголема самодоверба за продажба, преземање иницијатива за продавање, користење на алатки за продажба, зголемување на тимскиот дух, свесност за бенефитите од унапредување на продажба и задоволни вработени-задоволни клиенти на долг рок.
Програма на семинарот:
- Вовед за начини и видови на продажба;
- Продажбата е вештина која постојано се учи;
- Уредување на Mindset (на работа се оди со позитивна мисла, и таа вибрација
во текот на целиот ден се пренесува и до колегите и до клиентите);
- Како да се постапи во случај кога преовладува незадоволство и негативна атмосфера;
- Самодоверба во продажба;
- Добро познавање на производот што го нудите;
- Прашања до купувачот и активно слушање;
- Опис и пофалби за производот;
- Сценарио каде главен јунак е купувачот;
- Здравјето како главен адут во продавањето;
- Повик за купување (Call to action);
- Решавање приговори (висока цена, да размислам, да се консултирам, друга боја....)
во зависност од дејноста;
- Успешна приказна на долг рок;
- Пофалби за изборот;
- Главна цел и контрола на разговор;
- Креирање потреба за производот;
- Прашања и размена на искуства;
- Предлог практични совети и активности за одржување на мотивација.
Целна група за семинарот:
-директори, раководители на сектори за човечки ресурси, вработени во компаниите задолжени за обуки на вработените вклучени во продажба, за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на директна продажба, е-трговија и продажба преку социјални мрежи.
Предавач:
-Сањица Србиновска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, генерален менаџер на „Легаси ДООЕЛ“ со над 10-годишно искуство во продажба во интернационална компанија со меѓународни признанија.
Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 15.12.2022 година.