Семинар 21.12.2022 НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ

Онлајн настан



Напредниот Ексел овозможува високо професионално графичко прикажување на податоците од кои јасно се гледаат резултатите од работењето на компаниите, движењето на сериите, трендовите и сл. со што анализта на податоците станува лесна и прегледна. 
Графиконите се најчесто користените алатки во деловното работење, истражувањата и при носењето на одлуки. 


Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме графиконите, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.


Обуката е наменета за сите оние коишти сакаат да научат како:
-    Лесно да креираат различни видови на графикони за анализирање на бази на податоци во Ексел;
-    Лесно да сортираат и средуваат податоци во Ексел;
-    Да ревидираат податоци во ексел;
-    Да заштитат работни листови и работни тетратки;
-    Да креираат хиперлинкови.


Содржина на обуката:
-    Графикони;
-    Ревидирање на податоците;
-    Сортирање на податоците;
-    Заштита на фајлови и страници;
-    Хедер и футер;
-    Хиперлинкови.

На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
•    Column Charts;
•    How to format different types of chart elements;
•    Pie, Bar, Column vs Line Charts, XY Scatter Charts;
•    Spark Line Chart;
•    Pivot Charts;
•    Auditing Tools;
•    Protect file and workbook;
•    Hyperlink to the Sheet;
•    Hyperlink to File and Web page;
•    Print Data Tips;
•    Header & Footer;
•    Data Sorting;
•    Tips & tricks (трикови).
Краен резултат: Унапредени вештини за работа со Ексел!

Предавач:
 
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и на Економскиот факултет на Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 


За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн семинарот;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на овој семинарот можат да се пријават најдоцна до 19.12.2022 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015