Семинар 14.12.2022 - 14.11.2022 Excel Data Analysis – Анализа на продажбата

Онлајн семинар



Ексел алатките спаѓаат во најважните алатки во деловното планирање, микроекономската анализа и носењето на одлуки за подобрување на перформансите на продажбата на компаниите. 
Во обуката се обработуваат 10 начини за анализа на податоците за продажба на компанијата со користење на Ексел. На тренингот ќе се користат и 7 различни техники за анализа!
Анализата ќе се прави со дескриптивна статистика, потоа со користење на Екселот ќе следува објаснувачка анализа на податоци (Exploratory Data Analysis- EDA), како и користење на специфични Ексел формули за анализа на продажбата.
За анализа ќе се користат и пивот табели за анализа на продажбата, потоа ќе се прави комбинирање на податоците од различни бази и примена на Power Pivot алатките. Ова ќе овозможи создавање на консолидирани извештаи.
На тренингот ќе се прикаже и техниката на одговарање на Open-ended questions неопходни за донесување на менаџерски одлуки поврзани со продажбата. 
Анализата ќе опфати анализа на аномалии во продажбата, откривање на екстремни вредности и сл.
На крај ќе се обработат начини за презентирање на анализите, преку табели, графикони и примена на правила (conditional formatting).
Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме Ексел алатките за носење на деловни одлуки.

Обуката е наменета за сите оние коишти сакаат да научат како да:
-    Препознаваат ситуации во кои примената на Екселот може да помогне во процесот на одлучување; 
-    Да спроведуваат комплексни анализи во пракса користејќи Ексел и на тој начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци; 
-    Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи или критички да пристапат во вреднувањето на статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки.


Се препорачува учесниците на обуката да имаат инсталирано Ексел 2016 или најмалку Ексел 2010. 

Содржина на обуката:
-    Quick Statistics;
-    Descriptive Statistics;
-    Data Analysis;
-    Exploratory Data Analysis (EDA);
-    Conditional Formatting;
-    Color Scales, Data Bars, Top/Bottom Rules, Duplicate Values;
-    Sales by country (with formulas);
-    SUMIFS functions;
-    Table Formatting;
-    Pivot Tables;
-    Conditional Formatting Pivot Tables;
-    Top 5 Items- Sales per Unit;
-    Pivot Tables with Data Model;
-    Anomaly Detection;
-    Креирање Data model;
-    Statistic Chart- Box and Whisker Plot;
-    Best in Category;
-    Profit Analysis;
-    VLOOKUP functions;
-    Combine Tables;
-    Dynamic Reports;
-    Data Validation;
-    COUNTIFS functions;
-    Which product to discontinue?;
-    Анализа на податоци;
-    Создавање комплексни извештаи.

На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
•    Data Model;
•    Define relationships;
•    Calculations;
•    Measures;
•    Insert pivot table from Data model;
•    Key Performance Indicators (KPIs);
•    Insert Pivot Charts;
•    Tips & tricks (трикови).
Краен резултат: Целосен извештај за продажбата на компанијата. 


Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 12.12.2022 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015