Во насока на продлабочување и на интензивирање на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, Стопанската комора на Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ве покануваат на бизнис-форум и на билатерални средби меѓу компании од двете земји.
Македонско-бугарскиот бизнис-форум и билатералните средби ќе се одржат на 7 декември (среда) 2022 година во хотелот „Double tree by Hilton“ – Скопје, со почеток во 09:00 часот.
Настанот е поделен на три панел-дискусии, на кои ќе бидат покриени следните сектори:
- енергетика и инфраструктура;
- прекугранична соработка во делот на земјоделството и руралниот туризам (геотермални води, СПА, медицински туризам);
- ИТ и индустриски развој.
Сите заинтересирани компании можат да го пријават своето учество за настанот кај лицата за контакт најдоцна до 6 декември 2022 година (вторник), со пополнување на пријавниот лист во прилог.
Лица за контакт од Стопанската комора на Северна Македонија:
- м-р Ивана Анчев: тел: 02/3244-051, електронска адреса: ivana@mchamber.mk
- м-р Сања Николова: тел 02/3244-091, електронска адреса: sanja@mchamber.mk
Во прилог:
- нацрт-агенда за настанот;
- пријавен лист.