Семинар 30.11.2022 ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ И НАЈЧЕСТИ ПРОПУСТИ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ

Онлајн семинар



Обуката Практична примена на Законот за јавните набавки и најчестите пропусти при спроведување на постапките има за цел да ги опфати сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на пропустите кои ги прават договорните органи при изготвувањето на тендерската документација, како и на евалуацијата на понудите.
Обуката има за цел да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки како и дилемите кои се јавуваат во секојдневното спроведување на јавните набавки и изготвувањето на понудите од страна на економските оператори, како и истите ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со посебен акцент на примери од праксата.
МОДУЛИ:
Модул 1:
Најчести пропусти при изготвување на тендерската документација од страна на договорните органи
    -Услови за квалитативен избор на економските оператори и докажување
      на способноста преку примери и пракса;
    -Изготвување на техничка спецификација;
    -Средства за обезбедување.
 Модул 2:
Најчести пропусти по фазите од постапката за јавна набавка (најчесто користените):
-Набавка од мала вредност;
-Поедноставена отворена постапка;
-Отворена постапка.

Модул 3:
Најчести пропусти во фазата на евалуација на понудите:
 -Како се докажува способноста на економските оператори?
-Што е дозволено да се дополнува и појаснува од понудувачите 
 при евалуација на понудите?
-Како се утврдува невообичаено ниска цена;
-Користење способност од други субјекти 
 (групна понуда, поддршка и подизведување);
-Најчести пропусти од страна на договорните органи и 
 понудувачите преку практични примери на Државната комисија за жалби по јавни набавки.
Модул 4:
Измени на договорите во тек на нивната важност:
-Во кои случаи може да дојде до измена на договорите при извршување;
-Кои измени се дозволени;
-Кога може договорот да се раскине.
Целна група:
Компании кои учествуваат со свои понуди на јавни набавки и компании кои се заинтересирани за учество во јавните набавки.

Предавачи:
Савка Нејковска-Тасева – вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки и
Златко Ќиќерковски вработен во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Форум, 07.12.2022
Покана за учество на МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ
Семинар, 14.12.2022
Excel Data Analysis – Анализа на продажбата
Форум, 14.12.2022
МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ, Хотел "DoubleTree by Hilton"
Семинар, 15.12.2022
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Конференција, 16.12.2022
ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 2023 ГОДИНА: КАКО ДА ГО ОДРЖИМЕ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И ЈА ТРАНСФОРМИРАМЕ ЕКОНОМИЈАТА
Семинар, 20.12.2022
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА, НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА СО КУПУВАЧИ, ОДРЖУВАЊЕ НА МОТИВАЦИЈА ЗА РАБОТА, ПРАКТИЧНИ АЛАТКИ ПРИ ПРОДАЖБА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБА ВО НУДЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Семинар, 21.12.2022
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО РЕГУЛАТИВАТА ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗАРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ
Семинар, 21.12.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ