Семинар 01.12.2022 КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ОПЕРАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И НАЈЕКОНОМИЧНО

Онлајн семинар



  „Онлајн“-семинарот од областа на заштита на личните податоци има за цел да опфати две значајни теми: 
1.    Презентација на поимот и услугите на оперативен центар за сајбер безбедност

2.    Како да се добие ефикасно и економски исплатливо решение за практикувањето на приватноста со техничките и организациски мерки преку оперативен центар за сајбер безбедност 

Во сајбер светот во кој ниеден бизнис/компанија/правно лице не е изоставено, постојат многу регулативи и закони кои налагаат користење сајбер безбедност. Трошоците и времето за добивање на сајбер безбедност се зголемуваат со новите технологии само доколку не се прифатат истите како можност за нивна употреба. Да се поседува опрема/софтвер/човечки капацитети претставува значителен трошок, затоа правните лица започнаа со користење на добавувачи на ИТ услуги кои ќе ги намалат иницијалните почетни трошоци и ќе овозможат веднаш користење на ИТ сервисите за нивни цели. Во иста насока се движи и сајбер безбедноста каде добавувачите на ИТ услуги почнуваат со нивниот нов сервис “оперативен центар за сајбер безбедност”. 
Тука ќе се запознаеме со овој нов сервис наречен “оперативен центар за сајбер безбедност” во поглед на неговите можности и видови на услуги на техничко, но и значителен дел на бизнис ниво.
Ќе бидат опфатени следните елементи
•    Зошто “оперативениот центар за сајбер безбедност” е најдоброто и економски исплатливо решение за усогласеност со ЗЗЛП и практикување на приватноста.
•    Како да одбереме која услуга на “оперативениот центар за сајбер безбедност” е најдобра за нашиот бизнис.
•    Можности за миграција на техничките мерки на “оперативениот центар за сајбер безбедност”.
 
Предавач:
-    М-р Мане Пиперевски – Експерт и консултант за сајбер безбедност и заштита на личните податоци со 15 години интернационално практично искуство


За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
•    упатства за приклучување на „онлајн“-семинарот;
•    материјали во електронска верзија и
•    е-сертификат за учество на семинарот.       

Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 29.11.2022 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Форум, 07.12.2022
Покана за учество на МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ
Семинар, 14.12.2022
Excel Data Analysis – Анализа на продажбата
Форум, 14.12.2022
МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ, Хотел "DoubleTree by Hilton"
Семинар, 15.12.2022
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Конференција, 16.12.2022
ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 2023 ГОДИНА: КАКО ДА ГО ОДРЖИМЕ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И ЈА ТРАНСФОРМИРАМЕ ЕКОНОМИЈАТА
Семинар, 20.12.2022
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА, НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА СО КУПУВАЧИ, ОДРЖУВАЊЕ НА МОТИВАЦИЈА ЗА РАБОТА, ПРАКТИЧНИ АЛАТКИ ПРИ ПРОДАЖБА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБА ВО НУДЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Семинар, 21.12.2022
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО РЕГУЛАТИВАТА ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗАРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ
Семинар, 21.12.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ