Семинар 29.11.2022 НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА

Стопанска комора на С.Македонија, сала 4, 5-ти кат



Стопанската комора на Северна Македонија, на 29 ноември 2022 година, организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: „ НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА“, со цел стекнување на практични и теоретски знаења за правилната примена на лигислативата која го уредува пописот како значаен дел од аспект на билансните позиции и даночната регулатива.
Нецелосно или формално спроведен попис доведува најзначаните билансни позиции да се погрешни и неосновано искажани, што од друга страна се рефлектира на реално и објективно искажување на податоците во финансиските извештаи кое пак има влијание на преценување или подценување на добивката односно загубата од што може да произлезат одредени санкции како прекршочни така и кривични.
На сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби пред се за законски исправна сметководствена документација како веродостоен доказ за економската активност и регулативата за извршување попис со што ризикот ќе го сведат на минимум за изречување глоби при инспекциски надзори и трпење на прекршочни/кривични санкции.
Обврската за извршување на попис ќе биде објаснета и согласно Законот за трговски друштва, одговорностите, презентација во судски постапки како  и казненените одредби.
На семинарот ќе бидат образложени сите можни сценарија односно практични примери за сметководствената евиденција на разликите од пописот согласно даночната регулатива, и презентирани примери за интерните акти кои се задолжителна документација во процесот на отпочнување, текот и завршување на пописот.

ПРОГРАМА
ПРВ ДЕЛ

1. Веродостојноста на економските активности и доказната сила на трговските книги односно сметководствената документација низ призма на даночната регулатива во РМ и Законот за даночна постапка.
2. Обврска за водење сметководтсво, трговски книги, попис и усогласување на состојбите, чување на сметководствените документи, презентација во судски постапки, одговорност и казнени одредби согласно Законот за трговски друштва
 ВТОР ДЕЛ

3. Попис на средствата и обврските како законска обврска и неопходна потреба при искажување на податоци во билансите и финансиските извештаи.
 Законска регулатива за трговски друштва,буџетски корисници и непрофитни организации;
 Влијание на искажаните податоци во финансиските извештаи;
 Подготвителни активности за извршување попис;
 Што вклучува пописот на средствата и обврските;
ТРЕТ  ДЕЛ

4. Интерен акт за начинот на попис согласно специфичностите на дејноста;
Одлука, Формирање на комисија за попис и останато;
 Датум на отпочнување со пописот времетраење и рок за доставување на извештајот за извршениот попис;
 Обврски на комисијата за попис и план за работа;
ЧЕТВРТ ДЕЛ

5. Пописни листи;
6. Усогласување на фактичката со сметководствената состојба;
7. Извештај за извршен попис;
8. Практични примери, и интерни акти задолжителни при спроведување на попис.


Предавачи: - М-р. Симонида Георгиевска,  овластен сметководител и вешто лице од областа на материјално, сметководствено и финансиско работење, сопственик и раководител на секторот за финансиски и сметководствени работи во друштвото за даночен консалтинг КАУНТ ДООЕЛ Скопје, со 23-годишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент, сметководството и деловното планирање. Магистар од областа на сметководството на тема: „Хармонизација на финансиското известување во Република Македонија базирано на МСФИ и МСФИ за МСЕ“,
Повеќе од 10 години реализира обуки за бизнис секторот. Автор на  повеќе научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  електронкси работен материјал и прирачник и дополнителни помошни материјали ;
- електронски сертификат за присуство на семинарот.  
Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 25.11.2022 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Форум, 07.12.2022
Покана за учество на МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ
Семинар, 14.12.2022
Excel Data Analysis – Анализа на продажбата
Форум, 14.12.2022
МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ, Хотел "DoubleTree by Hilton"
Семинар, 15.12.2022
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Конференција, 16.12.2022
ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 2023 ГОДИНА: КАКО ДА ГО ОДРЖИМЕ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И ЈА ТРАНСФОРМИРАМЕ ЕКОНОМИЈАТА
Семинар, 20.12.2022
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА, НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА СО КУПУВАЧИ, ОДРЖУВАЊЕ НА МОТИВАЦИЈА ЗА РАБОТА, ПРАКТИЧНИ АЛАТКИ ПРИ ПРОДАЖБА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБА ВО НУДЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Семинар, 21.12.2022
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО РЕГУЛАТИВАТА ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗАРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ
Семинар, 21.12.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ