АЗЕСКИ ВО МАКСТИЛ, РЕПЛЕК КАЈ АЗЕСКИ
➢ Актуелно (29.12.2021, во 08:44:59)
👁 Прочитано: 895




АЗЕСКИ ВО МАКСТИЛ, РЕПЛЕК КАЈ АЗЕСКИ

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, со делегација на Комората ја посети компанијата Макстил каде разговараше со генералниот директор Иван Бановски и извршниот директор Петар Јаневски. Тема на разговорите беше снабдувањето со енергенси, транспортот и имотно правните односи кој се ограничувачки фактор за раст и развоја на компанијатa.  

Компанијата „Макстил“ е една од носечките компании на промените во техничкиот и технолошкиот развој на металната индустрија во нашата држава. Исправена пред предизвиците и потребите од постојано следење на пазарните трендови, компанијата врши постојани вложувања во двата погона: „Челичарница“ и „Валавница“ за дебели лимови. Главен влезен материјал при производство на челикот е старото железо. Има типичен капацитет од близу 350.000 тони топловалани дебели лимови годишно. „Макстил АД“ е основана во 1997, по сопственичкото преструктуирање на Рудници и железарница „Скопје“, која почна со производство во 1967 година, а во моментов компанијата брои околу 970 вработени.

Заради природата на дејноста „МАКСТИЛ АД“ е упатена на користење на железничкиот транспорт, а квалитетот на железничката инфраструктурна поврзаност на Република Северна Македонија со соседните држави, како и цената на истиот, имаат значајна улога во реализација на нови бизнис планови за зголемувањето на обемот на производство и извоз од државата.

Имено, Макстил, се соочува со проблеми на цената на гасот и воопшто со можноста за снабдување за компанијата, што е императив за одржување на континуитет на производниот процес и актуелната неизвесност која произлегува од истото сериозно го нарушува натамошниот континуитет во производството.

Претседателот Азески во просториите на Комората оствари работна средба и со менаџментот на „Реплек АД“, на која присуствуваа извршниот директор Душан Пецовски и заменикот на извршниот директор Коста Котески.

На средбата, беше преставена новата сопственичка и раководна структура во една од поголемите фармацевтски компании во земјата. Менаџментот на „Реплек АД“ изрази интерес за ширење на бизнис портфолиото и во регионот на Западен Балкан, за што секако поддршката има можност и простор да се реализира преку активностите на Коморскиот инвестициски форум, во кој Стопанската комора е единствената бизнис асоцијација од државата дел од 6-те партнери Стопански Комори од ЗБ6.

Од веледрогерија или друштво за медицинско снабдување, увоз и извоз основано во 1945, кое во тоа време претставуваше синоним за работењето со лекови, медицински помагала и медицинска опрема, преку постепено развивање и ширење на своите активности и истовремено користење на искуството, знаењето и хармонизација на работењето со условите на пазарот, денес, после 71 година, РЕПЛЕК АД со помош на сопствени ресурси и капитал, прерасна во една од поголемите фармацевтски компании во земјата.

Инаку, основна дејност на компанијата, од 2001 година, е развој, креирање и производство на генерички лекови во различни терапевтски категории и форми. Главната активност е извоз на странски пазари. Идните развојните планови на компанијата главно се фокусирани на понатамошно ширење на меѓународниот пазар и развој на палетата на производи од канабис во кој Реплек фарм е пионер и на глобално ниво. Новата модерна лабораторија за истражување и развој, високо образованите експерти, соработката со водечки домашни и меѓународни институции во областа на фармацевтската технологија, изборот на суровини од водечки производители на фармацевтски активни супстанции, овозможуваат производство на медицински производи со врвен квалитет во компанијата.

Служба за информирање при Комората