„ЕДНА СЛИКА ИЛЈАДА ЗБОРОВИ “
➢ ЕДНА СЛИКА, ИЛЈАДА ЗБОРОВИ (09.12.2021, во 08:00:27)
👁 Прочитано: 855



Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, преку новата рубрика на крајот од секоја недела преку ретроспектива на настаните на кои присуствува и актуелните случувања, ќе дава свое видување.
„ЕДНА СЛИКА ИЛЈАДА ЗБОРОВИ “

 

Минатата недела ги добив овие две слики, од сопственикот на Ариљеметал, Богослав Ангелкоски сопственик на компанијата во кое ми напишал дека пред точно 5 години сум ја посетил неговата фирма која успешно работи долги години. Неговиот син и мојот се добри другари и тие не запознаа и ги воспоставија првичните контакти. Денеска Трајан Ангелкоски е Претседател на Сојузот на Стопански Комори а до него на сликата и неговата сестра Маријана Ангелкоска која активно е вклучена во фирмата и во коморските активности.

 


 

Завчера, гостин на Клубот 100 беше министерот за финансии д-р Фатмир Бесими со кој направивме пресек на нашите иницијативи до министерството и до Владата, бидејќи како што е информирана јавноста, јавно го промовираме резултатот на одбиените и прифатените иницијативи. Она што го договоривме извесно е дека брзо ќе преминеме во водство.


 

Во текот на траењето на саемот во Тирана на кој за прв пат се појавија фирми организирани во Коморскиот инвестициски форум, имав работна вечера и средба со еден од најголемите албански бизнисмени Васил Наци. На работната вечера имаше голем број албански и српски бизнисмени  како и други јавни личности. На сликата на штандот на КИФ, ЗБ6, сум со групата македонски бизнисмени учесници на саемот.


 

Ведно гостував и во емисија „Еден на Еден“ што за мене причинуваше вистинско задоволство бидејќи беше надвор од моите работни обврски.

 


 

На 1.12.2021 година одржав средба со Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков. Разговаравме за актуелни теми и можности за реализација на повеќе проекти во областа на туризмот, здравство, инфраструктура...

Како двајца охриѓани ќе се заложиме да изнајдеме повеќе начини за реализација на повеќе проекти од интерес на сите граѓани.

 


    

На прес конференција во вторникот, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, презентираше неколку стратегиски промени во работењето на Комората кои како проект се нарекуваат „Комора на иднината“. Во суштина тоа е одговор на барањето на компаниите во Комората да препознаат силен партнер, партнер кој ги имплементира современите трендови и практики на дејствување, во брзо и динамично општество.

По дигитализација на издавањето е-документи што на македонските компании им го скрати времето за издавање и трошоците во надворешно-трговското работење, на средбата со претставниците на Макстил АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и Некстсенсе ДОО Скопје, со младиот перспективен тим на Комората, констатиравме дека треба да продолжи процесот на дигитализација и на други коморски услуги во интерес на оптимизирање на времето и олеснување на работењето на компаниите.



Издадовме нова брошура, во која сублимирано, на едно место ќе прочитате зошто Комората на својата 100-годишнина некој ја препознава како „Комора на иднината“ и ја наградува.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Служба за информирање при Комората