НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ ЗА 2020 ГОДИНА „ВЕЗЕШАРИ“ ДОО с. Требош, Тетово – НАГРАДА ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА КОЈА РЕАЛИЗИРА ПОВЕЌЕГОДИШНИ ИНВЕСТИЦИИ, КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАНСКИОТ РЕГИОН
➢ Актуелно (02.03.2021)
👁 Прочитано: 595




„ВЕЗЕШАРИ“ ДОО с. Требош, Тетово – НАГРАДА ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА КОЈА РЕАЛИЗИРА ПОВЕЌЕГОДИШНИ ИНВЕСТИЦИИ, КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАНСКИОТ РЕГИОН

Стопанската комора на Македонија на својот веб-сајт ги претставува компаниите и лицата на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. „ВЕЗЕШАРИ“ ДОО с. Требош, Тетово, е добитник на НАГРАДАТА ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА КОЈА РЕАЛИЗИРА ПОВЕЌЕГОДИШНИ ИНВЕСТИЦИИ, КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАНСКИОТ РЕГИОН

ФАКТИ

-    Вкупен капацитет на производство до 60.000 јарки и до 120.000 кокошки несилки.
-    Сопствена дистрибутивна мрежа.
-    Вработува 200 лица со планови за драстично зголемување.
-    Извезува јајца во земјите од ЕУ и во воените сили на НАТО.
-    Производство на сувомесни производи од пилешко и од говедско месо, со капацитет од 5 тона на ден.

ИНВЕСТИЦИИ

-    Постројка за производство на биогас и на електрична енергија ЕЛЕКТРОШАРИ, во која отпадот се третира како обновлив извор на енергија
Kaпацитет на објектот за производство на 1 мегават час и на 8.760.000 киловат часови годишно. Перо да ми долови колкав е овој капацитет.  –ва само со црвено да се избирише
-    Во земјоделско-сточарски комплекс во село Славеј, Прилепско, на површина од 650 хектари, регионален центар за собирање и за складирање зрнести земјоделски култури и за одгледување говеда, како и за пласман на земјоделците од регионот
-    Изградба на најсовремена фарма за одгледување и за товење говеда, со годишно производство од 1.080 грла во првата година, за развој на сточарството, за намалување на увозот на месо и за намалување на невработеноста

 

 

Служба за информирање при Комората