НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ ЗА 2020 ГОДИНА КРИЗЕН ШТАБ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КОМПАНИИТЕ
➢ Актуелно (01.03.2021)
👁 Прочитано: 633




КРИЗЕН ШТАБ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КОМПАНИИТЕ

Стопанската комора на Македонија на својот веб-сајт ги претставува компаниите и лицата на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. КРИЗНИОТ ШТАБ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА е добитник на СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КОМПАНИИТЕ.

Од средината на март 2020 година е формиран Кризен штаб на Комората во кој членуваат:
 - претседавачот на Собранието на Комората м-р Антони Пешев,
 - потпретседателката на Стопанската комора д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска,
 - главниот советник на Управниот одбор за економски прашања м-р Зоран Јовановски и
 - извршниот директор Билјана Пеева-Ѓуриќ.

Кризниот штаб функционира 24 часа, со наизменични дежурства од секој член за време на едно деноноќие.

Кризниот штаб на Комората беше првиот контакт за бизнисите во услови кога навремената достапност од точни информации во услови на криза беше повеќе од потребна.  

Кризниот штаб обезбеди целосна информираност на компаниите за:
-    уредбите или за економските мерки што се носеа од Владата;
-    одлуките на Владата;
-    ограничувањата;
-    известувањата и за
-    новините од регионот и пошироко.

За целосна координираност и за ефикасност за помош на компаниите се пристапи кон:
-    промени на содржините на веб-страницата на Комората;
-    континуирано електронско известување на компаниите членки;
-    електронско одржување состаноци на конкретни теми за време на траењето на вонредната состојба и
-    стручна подготовка за официјално комуницирање со надлежните државни органи за иницијативите и за барањата на компаниите.


До крајот на 2020 година се надмина бројката од 3.500 компании кои добиле совет, информација или мислење од Комората.  

Служба за информирање при Комората