Стопанската комора на Македонија на својот веб-сајт ќе ги претставува компаниите и личностите на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. Основачот и сопственик на компанијата „Кам“ и претседател на „Кам холдинг“, Гоце Камчев, доби НАГРАДА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА КОМОРСКА АКТИВНОСТ
Член е на Советот на Комората и долги години е активен во Здружението за трговија.
Иницијатор е на предлози за системски прашања значајни за економскиот раст и развој на земјава, поврзани со:
- законското нормирање на холдингот;
- воведувањето стопански фондации;
- даночниот третман на кусоците во трговијата на мало и сл.
ФАКТИ
- Мрежа од 74 маркети во земјава
- 1.120 вработени
- Присутен на Косово со 18 и во Бугарија со 16 маркети

ИНВЕСТИЦИИ
- 16 милиони евра во нов логистички центар на околу 16.000 м2, за порационално работење и за посвежа и поквалитетна храна
- 35 милиони евра за два трговски центри во Скопје, еден во Битола и еден во Кочани и за 5 најсовремени маркети
ПРИЗНАНИЈА
Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои и за:
- врвен квалитет, потврден од потрошувачите – QUDAL;
- најдобар сооднос цена-квалитет – признание Best Buy според истражувањето спроведено од швајцарската агенција ICERTIAS;
- топ 3 маркети според потрошувачите во Македонија за 2018, 2019 и за 2020 – INSIDER ID.