СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ВО ФУНКЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО
➢ Актуелно (30.12.2020)
👁 Прочитано: 416



СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ВО ФУНКЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО

Дефинирање на целите и видовите на стручно образование, прецизирање на надлежностите и одговорностите на сите чинители во процесот на стручното образование и обука, реализацијата на практичната обука во компанија и спецификите на дуалното образование беа фокус на денешната и последна во тековната 2020 година, он-лајн работилницата, на работното тело за подготовка на новиот Закон за стручно образование и обука. Целта на новиот закон, во чија подготовка учествува Стопанската комора на Македонија, е во согласност со нашата поставена визија за обезбедување квалификувани и стручни кадри за потребите на стопанството,  преку  прецизирање на одредени процеси во стручното образование и обука, и поедноставување на постапките за понуда на стручното образование и обука. 

Едноставно кажано, подготовка на функционален и применлив закон со интегрирање на лесно остварливи чекори и насоки за реализација на стручното образование што ќе придонесе за побрза транформација на стручното образование и обука во функција на економијата и стопанството, конкурентност на компаниите, зголемена продуктивност и трансфер на знаење и вештини.

 
м-р Наташа Јаневска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија