Интервју Бранко Азески, претседател на Стопанска комора Азески за МИА: Критичен ќе биде моментот кога ќе почне да престанува државната помош
➢ ИНТЕРВЈУ (26.12.2020)
👁 Прочитано: 716




Азески за МИА:  Критичен ќе биде моментот кога ќе почне да престанува државната помош

Претседателот на Стопанската комора на Македонија во новогодишното интервју за МИА говори на повеќе теми, меѓу кои и за предизвиците со кои се соочува македонската економија и компаниите во услови на работење предизвикано од Ковид-19.

Тој истакнува дека стопанството, за разлика од здравството, подобро се снајде и во оваа кризна ситуација предизвикана од Ковид-19, поради досегашното искуство од кризи. ”Знаевме дека треба жестока интервенција, навреме реагиравме, добро ги искористивме сите механизми и меѓународни и билатерални, па и личните врски” -потенцира Азески.

Според претседателот Азески, влегувањето во НАТО и придвижувањето кон ЕУ нѐ става на колосек каде мора да движиме право како што налага пругатата и дека што поскоро одиме во тој правец, полесно ќе ги решаваме и проблемите.

Тој порачува дека владеење на правото е клучно за напредок на државата и за раст на бизнисот. Потенцира дека, оваа Влада прифати да ги постави клучните прашања на дневен ред–парафискалните давачки, промена на Царинскиот законик, воведување Даночен календар со што однапред ќе се знае по кава процедура ќе се менува оваа алатка која може да предизвика сериозни последици кај фирмите, донесување на законот за холдинг друштва, промени во Законот за извршување кој ја фаворизира државата во однос на приватниот сектор, економска дипломатија која ќе биде ставена во функција на стопанството, докапитализирање на Македонската банка за обнова и развој.

Во интервјуто, Азески говори за потребата од тоа да нема било какво пролонгирање на пописот. Исто така, како многу важна област ја истакнува децентрализацијата и со тоа потребата од реализација на поголеми инвестициони активности и процеси на општините.

На крајот од интервјуто ја најавува книгата која деновиве ќе излезе од печатница која се вика „Една слика, 1.000 зборови“, која содржи и еден прилог во неа, насловен: „Една бројка, остануваш без зборови“. Книгата има 360 страници и преку 300 фотографии кои досега не се објавени а се и од приватниот живот на претседателот Азески, но и од она што тој го работел. Во книгата како што вели тој без да сака да прави паралела, пишува и за состојбите во нашата земја, причините, решенијата....

Целосното интервју на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески за МИА можете да го прочитате тука:

Азески за МИА - Критичен ќе биде моментот кога ќе почне да престанува државната помош.pdf

Служба за информирање при Комората