РАБОТНА СРЕДБА ВО КОМОРАТА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА М-Р КРЕШНИК БЕКТЕШИ И ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА АД ЕСМ М-Р ВАСКО КОВАЧЕВСКИ
➢ Актуелно (23.12.2022, во 16:43:00)
👁 Прочитано: 1468




РАБОТНА СРЕДБА ВО КОМОРАТА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА М-Р КРЕШНИК БЕКТЕШИ И ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА АД ЕСМ М-Р ВАСКО КОВАЧЕВСКИКликни за повеќе

Стопанска комора на Северна Македонија согласно заклучокот донесен на седницата на Управнот одбор, одржа Работна средба со министерот за економија м-р Крешник Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ  м-р Васко Ковачевски и претставници од бизнис заедницата, на ден 23 декември 2022 година.

Како и многупати досега, на средбата Комората укажа на потребата од поддршка и помош на бизнис секторот, со цел опстанување на пазарот и одржување на конкуретноста. Она што е клучно е дека Комората во континуитет во интерес на компаниите инсистира на поддршка на бизнисот за да опстои во овие исклучително сложени и неизвесни услови на стопанисување и да се справи со конкуренцијата.

За време на работната средба беа разменети ставови и мислења по моменталната состојба со енергетската криза со која се соочува стопанството, а со взаемен став и конструктивен пристап беа презентирани и предлози за справувањето со кризата.

Освен високите цени за снабдување со електрична енергија, на средбата беше разговарана и потребата за инсталирање на батериски системи, складишта на енергија, имајќи го во предвид големиот наплив на инвестиции во обновливи извори на енергија, со акцент на фотоволтаични централи. Во услови на проблем со снабдување на енергенси, обновливите извори на енергија се од големо значење, но преку нивно планирано интегрирање во електропреносниот систем.

Комората пред повеќе од една година предвиде дека претстои енергетска криза и укажа на потребата од прогласување на кризна состојба заради полесно носење на решенија и мерки за справување со истата. Од почетокот на кризата, Комората е активно вклучена во дефинирањето на мерките, иницијативите и предлозите, со цел ублажување на негативните последици кои истата ги предизвикува врз стопанството и предочи пакет барања со цел поддршка на стопанството, што вклучуваа барања за финансиска поддршка на компаниите кои се на слободниот пазар, но и барања за откочување на одредени закони во собраниска процедура. Дел од овие барања беа прифатени. Компаниите од одредени сектори добија субвенционирана цена на електрична енергија, а во собраниска процедура беа усвоени прописите со кои се поедностави постапката за поставување на фотоволтаици.

Несомнено е дека енергетската криза директно влијае врз бизнис секторот, конкуретноста и опстојувањето на компаниите. Во овој момент, заеднички е ставот дека постои потреба од поддршка на компаниите кои се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар и постои подготвеност кај надлежните институции истото да се оствари. За таа цел, Комората во следниот период ќе подготви конкретни предлог мерки по согледување на реалните потреби на компаниите.

 

 

Кристина Кузеска
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување