КРИЗНИОТ ШТАБ НА КОМОРАТА НА СРЕДБА СО ТАБ МК
➢ КРИЗЕН ШТАБ (12.10.2022, во 18:43:34)
👁 Прочитано: 881



Неконкурентната цена на електричната енергија носи опасност од реалоцирање на производствените погони во регионот каде што цените на струјата се пониски и гарантирани
КРИЗНИОТ ШТАБ НА КОМОРАТА НА СРЕДБА СО ТАБ МККликни за повеќе

Зголемените трошоци на компаниите како последица од енергетската криза носи опасност од реaлоцирање на дел од погоните за производство во Словенија – ова денес го кажа директорот на компанијата  ТАБ д.д., Петер Верцко.

На денешниот состанок со Кризниот штаб, директорот на компанијата Петер Верцко кажа дека на крајот на 2022 година на компанијата и истекува тригодишниот договор за електрична енергија. Во моментов компанијата работи со загарантирана цена на струјата. Поради тоа, цената на струјата во моментов не влијае на нивната тековна работа, но нагласија дека почетокот на новата 2023 година за нив ќе биде неизвесен и во голема зависност од цените на струјата и мерките кошто ќе ги превзема Владата.

Очекуваат конкурентни цени на електричната енерија со цените во регионот, каде што цените на струјата се многу пониски и гарантирани.

Фабриката за производсврво на акумулатори е присутна на пазарот во Северна Македонија од 1973 година. Компанијата на европскиот пазар произведува широк спектар на оловно-киселински, ВРЛА АГМ и ВРЛА Гел батерии и акумулатори во три најмодерни фабрики од кои две во Словенија и третата во Пробиштип, Северна Македонија со преку 700 вработени.

Средбите на Кризниот штаб на Стопанската Комора на Северна Македонија со компаниите погодени од енергетската криза продолжуваат. Претставниците на Кризниот штаб се во постојани разговори со компаниите членки излегувајќи им во пресрет со канализирање на нивните барањата и предлози во врска со последиците од енергетската криза до Владата и ресорните министерства.

Служба за информирање при Комората