ЗАПОЧНА ИЗРАБОТКА НА РЕГИОНАЛНИОТ СТАНДАРД НА ЗАНИМАЊЕ - БРАВАР
👁 Прочитано: 702



Заедничка соработка на земјите од Западен Балкан
ЗАПОЧНА ИЗРАБОТКА НА РЕГИОНАЛНИОТ СТАНДАРД НА ЗАНИМАЊЕ - БРАВАР Кликни за повеќе

Процесот на Отворен Балкан и економската соработката на земјите на Западен Балкан отвора можности за реализација на заеднички активности со цел креирање подобри услови за водење бизнис, подобрување на конкурентоста и раст на извозниот потенцијал на компаниите. За исполнување на овие цели неопходно е унапредување на човечкиот капитал и стекнување на квалификации кои ќе бидат признати во земјите од Западен Балкан со што ќе се олесни мобилноста на стручните и квалификувани лица во регионот.

За таа цел, во рамките на проектот „Подобрување на квалитетот во образованието и обуката“, започна изработка на новиот стандард на занимање Бравар, на национално ниво, како резултат на барањата на бизнис заедницата на земјите од Западен Балкан. Работилницата беше организирана од страна на Секретаријатот за иницијативи за европските образовни реформи во Југоисточна Европа (ЕРИСЕЕ) и Центарот за стручно образование обука со поддршка на Стопанската комора. По изработката на стандардот на национално ниво, следи втоората фаза на усогласување на регионално ниво во кој придонес ќе дадат и земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора).

На работилницата за изработка на стандардот на занимање Бравар учествуваа претставници од компаниите: Завар компани и Факом од Скопје и Брако од Велес, членки на Стопанската комора и претставници од стручни училишта.

Учеството на преставници од бизнис заедницата е посебно значајно во изработката на стандардот на занимање, бидејќи тие се најкомпетени да го дадат описот на занимањето и потребните знаења и вештини што треба да ги поседуваат лицата за да можат да ги извршуваат работните функции на занимањето Бравар.

м-р Наташа Јаневска
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување