ФОРМИРАН КРИЗЕН ШТАБ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
➢ КРИЗЕН ШТАБ (23.09.2022, во 15:54:21)
👁 Прочитано: 110



24/7 ДОСТАПНОСТ ЗА КОМПАНИИТЕ ВО СОВЛАДУВАЊЕ НА КРИЗАТА СО СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
ФОРМИРАН КРИЗЕН ШТАБ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Стопнската комора на Северна Македонија донесе одлука со која се прогласи кризна состојба во работењето на Стопанската комора на Северна Македонија, која ќе трае од 15 септември 2022 година до 15 април 2023 година.

За спроведување на активностите поврзани со оперативното работење во Комората се формираше Кризен штаб на Комората со основна цел да им се даде максимална поддршка на компаниите во кризната ситуација, преку обезбедување на континуирана достапност до информации и преземање на активности врзани за полесно поминување низ кризниот период.

Комората целиот изминат период од повеќе од осум месеци во директна линија и преговори со Владата работи на ублажување на енергетската криза и носење на мерки со кои ќе се помогне на стопанството.

Нашата основна улога за постоење е поддршка на компаниите преку разни облици на делување па оттука сакаме да ги увериме сите наши членки дека како и до сега така и во следниот период Стопанската комора на Северна Македонија секогаш ќе превзема активности и чекори во насока на заштита и поддршка на стопанството.

Кризниот штаб на Комората кој стои на раполагање na компаниите членки на Комората 24/7 е во следниот состав:

  • д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, шеф на Кризниот штаб, тел.070/234-273
  • м-р Анета Трајковска, заменик-шеф на Кризниот штаб, тел.070/295-432
  • м-р Антонета Манова Ставреска, секретар на Кризниот штаб, тел.071/230-386.
Служба за информирање при Комората